При криза тие треба да се во состојба да се распоредат во рок од 2 месеци

Стотици илјади војници од НАТО ќе бидат поставени состојба на зголемена борбена готовност на позадината на растечките  тензии со Русија, пишува лондонскиот в. „Тајмс“, повикувајќи се на генералниот секретар на Алијансата, Јенс Столтенберг.

Тој не наведува конкретни податоци, но според британскиот постојан претставник во НАТО Сер Адам Томсон станува збор за до 300 000 војници. При криза тие треба да се во состојба да се распоредат во рок од 2 месеци. Во моментов распоредувањето на сила со слична големина бара до 180 дена, додава весникот. Командантите во НАТО сакаат да подготват значителна копнена сила, способна да спречи руска агресија, пишува уште „Тајмс“.

Оваа сила ќе се активира след  силите на НАТО за брза реакција, кои можат да се распоредат во зона на борбени дејства во рамките на 5 дена. Тие бројат околу 5.000 лица и имаат поддршка од воздух и вода, а веднаш по нив доаѓаат силите за засилување од околу 40 000 луѓе. Алијансата има скоро 3 милиони војници од копнени, поморски, воздухопловни и десантни единици. Војската, предвидени за зголемена борбена готовност, ќе дојдат од различни земји во Алијансата, вклучувајќи jа и Британија. „Не сум убеден дека сите сфаќаат колку  тешко и скапо ќе е тоа за остварување, но тоа е дел од концептот кој го договоривме во февруари“, вели сер Адам Томсон кој објави во четвртокот дека ја напушта функцијата во НАТО.


Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO