Австрискиот министер за надворешни работи Себастијан Курц остро ги критикуваше властите во Анкара и jа обвини турската влада дека не сака да го почитува договорот со ЕУ за бегалците. Затоа, според него, е подобро да се гарантира безбедноста на надворешните граници на Европската унија.
Пред в. „Jостераjх“ Курц истакна дека заканите против опозицијата продолжуваат по неуспешниот обид за преврат во Турција. Сето ова е спротивно на европските вредности и е неприфатливо. Поради оваа причина не треба да се отвора ново поглавје од преговорите со Турција, изјави Курц и отсече: Турција нема место во ЕУ.
Австрискиот дипломат смета дека премиерите и претседателите се должни да донесат одлука за прекин на преговорите. „ЕУ не треба да биде поставен во положба да биде рекетиран. Секогаш сум го разгледувал договорот со Турција како План Б, бидејќи План А е ефикасна заштита на надворешните граници на ЕУ „, истакна Курц. Според него, илегалните мигранти треба да бидат сместени во центри на островите крај надворешните граници на ЕУ или во трети земји.