
Број еден e во листата на Лацио поради силната игра против Арсенал
Ѕвездата на бугарскиот фудбалски клуб Лудогорец Џонатан Кафу веќе чини речиси 20 милиони евра. Ова го тврди италијанското издание calcionews24.com, повикувајќи се на силната игра на Бразилецот против еден од европските гиганти – Арсенал. Напаѓачот jа надигра одбрана на топџиите, постигнувајќи гол и асистенција при домаќинската загуба со 2: 3 во групите на Лигата на шампиони.
Во Лацио бараат заменик на Кеита Балде, кој ќе биде продаден по крајот на сезоната. Број еден на листата е Џонатан Кафу, кој беше блиску до трансфер и во текот на летото. Бразилецот се претстави блескаво во Лигата на Шампионите и цената му се крена до 20 милиони евра, тврди весникот.
