Познатата американска киноактeрка Сузан Сарандон изјави во интервју за БиБиСи дека на претстојните претседателски избори во САД нема да гласа за кандидатот на демократите Хилари Клинтон. Рече дека ја смета за корумпирана и обврзана со войнолюбиви сили. А на прашањето дали не сака да види жена во Белата куќа, отсече: „Не гласам со вагината“. И додаде дека најважно е не кој и да е жена да седне во Овалната соба, а да е соодветна жена. „Стравот од Доналд Трамп не е доволен за да поддржувам Хилари Клинтон со нејзиното корупирано минато“, рече Сарандон.

Актерката, која беше активна учесничка уште во протестите против војната во Ирак, редовно учествува во настани на социјални и пацифистички движења.

За време на кампањата за првичните избори во Демократската партија таа цврсто jа поддржуваше кандидатурата на Берни Сандерс. Сега таа рече дека на суштинските претседателски избори на 8 ноември ќе гласа за кандидатот на Зелената партија Џил Штајн. Според Сарандон за постигнување на вистински промени во земјата требаат луѓе со алтернативни програми и со прогресивни убедувања.


Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO