
Неколку дена пред гласањето за претседател на САД, податоците од истражувањата покажуваат дека еден од главните претенденти за функцијата Хилари Клинтон ја губи поддршката.
Само пред околу две недели се сметаше дека таа може да добие 320 гласа при потребни 270 за победа. Денес ситуацијата изгледа различна. Според прелиминарните студии, поддршката за неа е намалена до 266 гласа, а таа за другиот главен кандидат – Доналд Трамп – малку се зголемила. Сепак, според аналитичарите, тој сеуште нема доволно гласови за да се смета дека ќе биде победник.
Само пред неколку дена директорот на ФБИ Џејмс Коми соопшти дека Бирото располага со новооткриени мейли кои можеби се поврзани со истрагата на работата на Хилари Клинтон како државен секретар.
Во случај дека ниту еден од кандидатите не собере потребниот број гласови, следниот американски претседател ќе биде избран од Претставничкиот дом на Конгресот.
