618x346Полицијата ги следела влезните  и излезните им разговори

Од канадскиот ТВ канал Си-Би-Ес објавија дека тројца од новинарите во канадското  национално радио биле предмет на прислушување од страна на владата. Станува збор за двете сегашни водечки новинарки  на истражувачкото предавање Enquête и веќе поранешниот им колега Ален Грејвел. Денес тие добиле потврда дека квебекската провинциска полиција ги следела  влезните и излезните им разговори и СМС пораки. На овој начин бројот на прислушувани новинари се зголеми до 16 само во рамките на една недела.

Во понеделникот новинарот од канадскиот весник „Ла Пресе“ Патрик Легас исто откри јавно дека полицијата во Квебек  собирала  податоци од телефонските му разговори во првите месеци од годината.

Според податоците со кои тој располага полицијата ги  следела  локациите му користејќи GPS чип на неговиот телефонот  и го  проучувала  идентитетот на луѓето со кои  спроведувал телефонски разговори или  разменувал  текстуални пораки, соопштува  уште телевизијата Си-Би-Ес, цитирана од Нова ТВ.

Скандалозните откритија предизвикаа силна бран на незадоволство од страна на властта и бранителите на слободата на печатот и медиумите. Група од уредниците излегоа со отворено писмо со кое повикаа владата да го заштити „нивното право да ги заштитат своите извори“.


Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO