Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган најави дека Германија се била претворила во рај за терористи и ќе биде „судена од историјата“. Тој ja обвини  дека не ги била избркала приврзанците на исламскиот проповедник Фетхуллах Гулен, кого Анкара го обвинува за организирање на неуспешниот воен преврат во јули.

Ердоган вели дека Германија одамна дава убеждище на екстремисти од Курдската работничка партија (ПКК), која води бунт од три децении за курдска автономија, како и од екстремнолевичарската формација DHKP-C, која изврши вооружени напади во Турција.


Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO