ceecd8108a6ec193c6b047c2519b530c116933c1Тензиите помеѓу Турција и Ирак се засили заради групирање на турските војници на границата, северозападно од Мосул, каде ирачката армија се бори со џихадисти од „Исламска држава“. Ирачкиот премиер Хајдер ал Абад предупреди дека турско упаѓање во неговата земја ќе доведе до „дезинтеграција“ на Турција, пишува БНР.

И покрај предупредувањето, Анкара продолжи со пренесувањето на оклопни колони кон граничниот град Силопи, кое започна минатата недела.

Турскиот министер за одбрана Фикри Ишик изјави дека распоредувањето на турските војски во близина на ирачката граница е поврзано со борбата против тероризмот.

„Надвор од границите на Ирак има случувања кои предизвикуваат загриженост и ние треба да бидеме подготвени за секакви предизвици“, рече тој.

Според зборовите на министерот продолжуваат разговорите со раководството во Багдад и со коалицијата по прашањето за турското воено присуство во Ирак.

Анкара ја смета за „црвена линија“ евентуалното влегување на шиитски фракции во Мосул, каде што има сунитско население, стравувајќи дека ќе се промени демографската слика.

Пред неколку дена турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган најави дека нема да дозволи терор над сунитите во Тал Афар. Кон овој град, контролиран од групата „Исламска држава“, напредуваат шиитски милиции.

Битката за Мосул влезе вчера во решавачката фаза, откако специјални единици на ирачката армија навлегоа  во источниот дел на градот. Таму се укрепени  помеѓу 4 и 7 илјади борци на групата „Исламска држава“. Ситуацијата на локалното население се влоши драстично поради неговата употреба како жив штит од џихадисти.

Специјалниот советник на генералниот секретар на ОН за превенција на геноцидот – Адама Диенг, ја осуди групата поради егзекуциите на цивили и за обидите за насилно прогонување на 25 илјади луѓе. Диенг предупреди дека расте ризикот од чиниви на одмазда на вооружени групи против сунитската заедница.


Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO