big_3053_1472723245Зграда во Нов Белград била евакуирана околу 10 часот. (по локално време) во средата по сигнал за бомба, пренесува Tanjug. Некои медиуми објавија дека еден од становите е во сопственост на премиерот на Србија, Александар Вучиќ, додека според други станот му се наоѓа во друг блок во близина.

Од полицијата нема официјална потврда на оваа информација. На местото пристигнале антидиверзантски  тим, амбулантни возила и пожарникари, како и неколку лица од обезбедувањето на Вучиќ.

Локалните медиуми велат дека „сомнителен пакет“ бил пронајден под автомобил во подземен паркинг. Репортер на Tanjug соопшти дека автомобил со марка „Пежо“ 406 бил изнесен  од гаражата и органите на редот го напуштиле местото околу 14 часот.


Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO