Повеќечасовните чекања на аеродромите сега може да станат помалку напорни и здодевни, благодарејќи на мапата на која се прикажани шифрите за безжичен интернет на повеќето светски аеродроми.
Мапата ја изготвила Анил Полат, блогерка и компјутерски инженер, за да им помогне на луѓето полесно да се поврзат со интернет. Кога ќе кликнете на Аеродромот што се наоѓа на мапата, добивате специфични инструкции каде да седнете, за да имате подобра конекција, како и шифрата што треба да ја внесете.