Спецсилите на германската полиција одржаа во средата специјализирана операција против чеченските бегалци во три федерални провинции – Саксонија, Тирингија и Рейнланд-Пфалц, пише националниот весник Die Frankfurter Allgemeine Zeitung.

Согласно распространети податоци акцијата била насочена против 16 Чеченци осомничени за изградба на криминална мрежа. Покрај тоа тие се под истрага за уцена, упатување на закани, киднапирања и нанесување на телесни повреди.
За тоа колку склони кон насилство се бараните мажи говори фактот дека во операцијата биле активирани вработени на GSG 9 – специјалната антитерористичка единица на германската полиција.

Во моментов не се објавени други детали околу спроведената акција.


Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO