57ef51221fd73_crop_620_350Менаџерот на Арсенал, Арсен Венгер се скина фалејќи го  Лудогорец по драматичниот натпревар помеѓу двата тима во Софија, каде Англичаните победија со 3: 2. Французинот призна дека неговиот тим имал среќа и предвиде дека орлите ќе стануваат се посилни.

„Пред натпреварот реков дека Лудогорец е добар тим и не бев изненаден од она што покажаа но бев изненаден од брзината им и нивниот добар почеток. Многу брзо успеавме да се вратиме во натпреварот и до полувремето да израмниме. Лудогорец е опасен тим. Имаме двајца голмани од суперкласа и тоа се виде и вечерва.

Следниот чекор е да завршиме на првото место во групата. Лудогорец играше  добро во првото полувреме во Лондон, а денес играа на високо ниво целото  време. Малку искуство им недостасува за топниво, но научија многу работи и ќе стануваат се посилни „, рече Венгер.


Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO