Кандидатот за претседател на Републиканската партија Доналд Трамп соопшти дека изборите се „апсолутно наместени“ од „нечесни медиуми“ и „во многу избирачки места“.
Неговите коментари се контрадикторни со зборовите на кандидатот за потпретседател на републиканците Мајк Пенс, кој претходно изјави дека Трамп требало да прифати резултатот од изборите без никакви опструкции и покрај тврдењата на медиумите.
Советникот на Трамп Руди Џулијани исто обвини демократите во „измама“.
Социолошките сондажи покажуваат дека Трамп губи позиции во некои од клучните штати, во кои ќе биде решена битката.