Големата ѕвезда на турскиот фудбал од блиското минато Хакан Шукур ќе биде суден за навреда против претседателот на земјата Реџеп Ердоган. Шукур е меѓу илјадниците кои е под ударите на судот, поради спорни наводно навреди  за турскиот лидер.

Авторот на најбрз гол во историјата на светските првенства, кој беше со главна заслуга за третото место на Турција на Мундијалот во 2002-ра година, е на нишан поради коментирите на Твитер од февруари 2015-та, во кој го обвинил Ердоган за  кражба , макар и што  не го користел директно името на претседателот. Судењето започна денес, а обвинителството сака 4 години затвор за поранешниот напаѓач на Галатасарај. Денес во судот адвокатот на Шукур откри дека неговиот клиент во САД и ќе даде видео сведочеењ од таму, ако е потребно. По завршувањето на фудбалската кариера, Шукр влезе во политиката во 2011-та година, кога беше избран за пратеник од Партијата на правдата и развојот. Во 2013-та тој се откажа од своето место, поради истрага за корупција против Ердоган и најблиските му, а потоа поранешниот фудбалер му  се приклучи на крвниот непријател на Ердоган – Фетулах Гулен.


Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO