Филаделфија стана првиот голем американски град каде е воведен данок за засладени пијалаци.

Градскиот Совет на Филаделфија одобри данок од 50 центи на еден литар газирани и засладени пијалоци. Традиционалното пакување лименка од 335 милилитри) ќе чини 18 центи повеќе.

Дополнителнит данок ќе се плаќа од 1. јануари 2017 година, а се очекува да се соберат 90 милиони долари годишно. Тие средства ќе бидат наменети за државните училишта, градинки и други јавни институции.

Одлуката е тежок удар врз моќната индустрија на газираните сокови кои презедоа милионска кампања за да спречат воведување таков данок.

Мерката има за цел да ги поттикне луѓето на здрава храна. Дијабетесот и зголемената тежина се се поголем проблем во САД./МИА


Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO