Светскиот шампион во тешка категорија на WBA / WBO / IBO Тајсон Фјури направи уште една срамна изјава. Тој изјави дека не му е гајле за натпреварот со Владимир Кличко, бидејќи ќе добие исти пари без оглед на исходот.

“Има ли нешто важно во тоа кој ќе победи и кој ќе загуби? Ќе ми платат подеднакво. За мене не е важно кој ќе биде победник. Освен тоа веќе го направив невозможното, откако го победив Кличко. Дури и да ме нокаутира сега за 10 секунди, пак ќе бидам среќен “, изјави Фјури.

Реваншот меѓу Британецот и Кличко е на 9 јули во Манчестер. Првата битка во ноември беше освоена од Фјури со судиска одлука.


Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO