Леброн Џејмс со 41 поен беше најефикасен, додека Кајри Ирвинг постигна 23. Кај Голден стејт Кари имаше 30 поени, а Клеј Томсон 25.

Кошаркарите на Кливленд со ноќешната победа од 115:101 во натпреварот број 6 над првакот Голден стејт се изборија за мајсторка во финалето на НБА откако изедначија на 3-3 во добиени натпревари. По четвртини 31:11; 28:32; 21:28 и 35:30.

Решавачката предност домашната екипа ја направи во првата четртина кога за првпат поведе и со повеќе од 20 разлика (31:9).Во вториот период предноста на Кливленд беше двоцифрена, а на почетокот на вториот дел имаа и највисоки плус 24 поени (70:46). Во последната четвртина шампионот Голден стејт намали на 7 поени (86:79), а на 4:22 минути до крајот Стеф Кари го заврши натпреварот поради шест лични грешки.

Леброн Џејмс со 41 поен беше најефикасен, додека Кајри Ирвинг постигна 23. Кај Голден стејт Кари имаше 30 поени, а Клеј Томсон 25.

Решавачкиот натпревар за титулата се игра в недела навечер на теренот на Голден стејт.


Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO