Исланд е една од трите селекции против која Македонија ќе игра во групата во квалификациите за Евроспкото првенство 2018 година во Хрватска.

Ракометната репрезентација на Исланд како последна од европската зона избори пласман на Светското првенство во ракомет што во 2017 година ќе се одржува во Франција.

Исланд на гостувањето во Порто загуби минимално од Португалија со 21:20, но со вкупен резултат од 46:44 беше поуспешен во баражот од ривалот. Инаку, Исланд е една од трите селекции против која Македонија ќе игра во групата во квалификациите за Евроспкото првенство 2018 година во Хрватска.

Во неизвесна завршница Португалија имаше водство од 20:17, но сепак Исланд успеа со серија од три голови да стигне до изедначување.

Од европската зона пласман на Светското првенство изборија девет репрезентации: Македонија, Шведска, Полска, Русија, Исланд, Унгарија, Словенија, Беорусија и Данска.

Извлекувањето на групите ќе се одржи на 23 јуни (четврток) во Париз, а Светското првенство ќе се одржува од 11 до 29 јануари 2017 година.


Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO