13 ОКТОМВРИ: На денешен ден:

1891 година е роден Јордан Христов Ѓурков, познат под псевдонимотот Еделвејс, бугарски офицер и револуционер, деец на Внатрешната македонска револуционерна организација.

Јордан Ѓурков е роден на 13 октомври 1891 година во Штип, тогаш во Отоманската империја. Тој е син на револуционерот Христо Ѓурков. Во 1910 година завршува на Бугарското педагошко училиште во Скопје и учителствува таму до 1912 година.

По избувнувањето на Балканската војна, тој е доброволец во Македоно-одринското ополчение и служи во 3 рота на 10-та прилепска дружина. Награден е со Орден ʺЗа храбростʺ, IV степен. Во 1913 година се запишува на Военото училиште во Софија и за време на Првата светска војна е ротен командир на 6-от полк на 11-та дивизија. Учествува во битката на Криволак. На крајот на војната тој е аѓутант на командирот на дивизијата Крстјо Златарев. Отстранет е со чин капетан.

По разгромот во војната, Јордан Ѓурков учи трговија во Виена. Учествува во дејоста на Сојузот на македонски студентски дружества во странство. Го прекинува студирањето и станува активен член на ВМРО и накратко е четник кај Дончо Христов. По убиството на Тодор Александров во 1924 година, Јордан Ѓурков учествувал во организирањето на Горноџумајските настани. На предлог на Иван Михајлов Јордан Ѓурков, Панчо Михаилов и Петар Шанданов го составуваат организациониот суд на ВМРО. Делегат е на конгресот во Србиново и е избран за резервен член на Централниот комитет на ВМРО. За време на инцидентот во Петрич во октомври 1925 година, како привремен полномошник на Централниот комитет за Петричкиот округ, е испратен во градот за да ја координира местната одбрана. Учествува и на конгресот во Крупник од 1928 година, избран за окружен полномошник на Централниот комитет за Пиринска Македонија. Ѓурков ги поддржува меѓународните контакти на ВМРО. По расцепот на ВМРО, застанува на страната на Иван Михајлов.

Јордан Ѓурков е убиен на 8 февруари 1931 година во Софија од прототеровистите..

9 ОКТОМВРИ: На денешен ден:

1934 година Владо Черноземски (Величко Керин) ги застрелува во Марсеј југословенскиот крал Александар I и францускиот министер за надворешни работи Луи Барту. Југословенскиот монарх е во официјална посета на Марсеј. Пристигнува на бордот на бродот ̎“Дубровник“,̎ придружуван од министерот за надворешни работи, Богољуб Јевтиќ. Пречекан е од францускиот министер за надворешни работи Луис Барту. За време на движењето на официјалната поворка по улиците на Марсеј, Владо Черноземски отвора оган со автоматски пиштол. Кралот и министерот Барту се убиени на лице место, а Јевтиќ е тешко ранет. Черноземски е сосечен тешко со сабји од полицијата, умира 20 часа по атентатот. Погребан е на непознато место, а на погребот присуствувале само двајца детективи и гробари. Соучесниците на Черноземски, хрватите Звонимир Поспишпил, Мијо Краљ и Милан Таиќ, се фатени од француската полиција, судени се во Екс-ан-Прованс и осудени на доживотен затвор.

Како мотив за атентат врз југословенскиот крал Александар I е посочена водената од него националистичка политика. Ова е втор атентат врз југословенски крал. Во 1929 година, усташите направиле неуспешен обид за атентат врз него, предизвикувајќи бран од репресии врз нив. Многу активисти на хрватското движење, предводени од Анте Павелиќ, се принудени да емигрираат. Истата година во Софија, Иван Михајлов и Анте Павелиќ потпишуваат договор за соработка и координација на активностите на двете анти-југословенски организации. Хрватските и македонските терористи имаат заеднички кампови за обука во Италија и Унгарија чии влади се непријателски расположени кон Југославија. Влошувањето на ситуацијата во Југославија по воведувањето на диктатурата на кралот Александар уште повеќе ги зближува Бугарите и Хрватите. Заеднички акции на ВМРО и ̎Усташа̎ се извршуваат не само во Вардарска Македонија и во Хрватска, туку и на целата територија на Југославија, но подоцна по забраната на ВМРО во Бугарија и низ цела Европа. Кулминација на заедничките терористички активности на двете организации е атентатот врз кралот Александар.

7 СЕПТЕМВРИ: На денешен ден:

1913 година избувнува Охридско-дебарското востание на бугарското и албанското население против српската власт во Македонија.

Охридско-дебарското востание е заедничка акција на бугарското и албанското население против српскиот режим во Вардарска Македонија, воспоставен по Меѓу-сојузничката војна од 1913 година. Избувнува во септември и ги опфаќа Дебарско, Струшко и Охридско. Обединетите бугарски и албански чети го ослободуваат Дебар. На чело на востаниците застанува Петар Чаулев, потпомогнат од други дејци на Внатрешната македонска револуционерна организација. Востаниците успеваат да ги прогонат српските војски и администрацијата од Струга. Го ослободуваат и Охрид. Востанието внесува одредено беспокојство за Белград, и за да не се разрастне уште повеќе, против него се испратени значителни армиски сили и српски четници. Во помош на Србија се вклучува и Грција. Востаниците отстапуваат пред многубројниот бројчан однос и подобро вооружен противник на востаниците.

30 АВГУСТ: На дeнешен ден :

Во 1925 година, е застрелан од српски жандарми Кирил Глигоров (Григоров) Келешов, бугарски револуционер, деец на Внатрешната македонска револуционерна организација.

Роден е во 1903 година во Штип, тогаш во Отоманската империја. Произлегува од сиромашно семејство и рано се вклучува во ВМРО.

По наредба на Иван Михајлов, Кирил Глигоров го убива Стојан Мишев на 30 декември 1924 година пред прагот на неговата куќа во Штип. На пат кон Бугарија е предаден во кочанскиот село Костин Дол. По кратка престрелка, тој е уапсен и затворен во штипскиот затвор. Тој е застрелан од српски жандарми на 30 август 1925 година.