19 ЈУНИ: На денешен ден:
1913 година за време на Меѓу-сојузничката војна, е убиен архимандрит Евголиј Светиев, претседател на бугарската црковна општина во Солун и раководител на Солунската епархија. На пат со брод кон островот Трикери, архимандритот Евлогиј, заедно со други Бугари – заробеници на Грците, се фрлени во Егејското Море.
Очевидци раскажуваат: „Следното утро, сите уапсени Бугари беа собрани заедно. Го повикаа Неболиев, го соблекоа и му зедоа 850 франци. Останатите исто така беа ограбени. Сите затвореници беа качени на бродот – Неболиев и Јанков – последни. Истиот ден вечерта, протосингелот на Солунската епархија, архимандрит Евголиј, беше беше доведен заедно со неговиот ѓакон Васил Константинов, додека Георги Дерменџиев, првиот викарен епископ на митрополијата и секретарот Христо Батанџиев беа качени на друг брод. Пред пладне на 19 јуни, неколку Грци од Солун се качија на бродот, почнаа да ги исмеваат затворениците и да ги тепаат. Архимандритот беше малтретиран на најсрамен начин. Бродот одплови во два и половина часот попладне. Архимандритот беше фрлен во морето близу до рʼтот Кара-Бурун. На него беа испукани три истрели и тој потона. Неболиев, Јанков и Никола Илиев беа егзекутирани на истиот начин “.
Христо Иванов Батанџиев е познат бугарски револуционер, активист на националното ослободително движење во Македонија и Одринско. Роден е во градот Гуменџе, денес Гумениса, Грција. Во периодот 1888-1911 година бил учител во Солунската бугарска машка гимназија средно и секретар на бугарската епархија во Солун. Во октомври 1893 година е еден од шесте основачи на Револуционерниот комитет во Солун, кој ги поставува основите на ВМОРО. Во јуни 1913 година, по избувнувањето на Меѓу-сојузничката војна, тој е уапсен од грчките власти и, заедно со многу други Бугари од Солун, е качен на брод со цел да биде интерниран на островот Трикери. На патот тој е фрлен во Егејското Море.
7 ЈУНИ: На денешен ден:
1877 година е роден Петар Ацев – деец на македоно-одринското револуционерно движење. За периодот 1897-1901 година е учител во Прилеп, Крушево и во други населени места во Македонија. На почетокот на 1902 година излегува во нелегалност, неколку месеци подоцна е околиски војвода во Прилепско. Учествува во Илинденско-Преображенското востание – 1903 година. По неговото задушување тој продолжува да се бори со турските војски и со српските и грчките чети. Во 1906 година е избран за член на Битолскиот окружен револуционерен комитет. По Младотурската револуција тој излегува од нелегалност и се населува да живее во Прилеп. Две години подоцна е уапсен и поминува 15 месеци во различни затвори во Македонија и Мала Азија. Тој е ослободен во 1911 година и се населува во Пловдив. Учествува како доброволец во Балканската војна од 1912-1913 година и е член на Илинденската организација.
22 МАЈ: На денешен ден:
Во 1907 година умира Александар Костов Кошка (на влашки: Alexandar Coshca), романски офицер и револуционер, војвода на Внатрешната македоно-одринска револуционерна организација.
Кошка е роден во македонското село Гопеш во Битола и е од влашко потекло. Завршува романски лицеј во Битола, а потоа учи медицина во романската престолнина Букурешт, каде што организира аромански комитет за вооружена борба во Македонија заедно со Штерјо Апостолина.
Во 1902 година се враќа во Македонија и се вклучува во редовите на ВМРО. Во 1903 година е во четата на Парашкев Цветков. Учествува во Илинденското востание како војвода во Пелистер. По востанието тој ги организира влашките села во Битола и Пинд. Во април 1907 година влегува во Македонија преку каналите на ВМОРО заедно со четниците Мита Гега од Гопеш, Стерјо Доменику, Ташку Шарку, Алексо Нане и Насто Стојанов од Крушево, Ташку Х. Голи од Маловишта и Никола Мона од Влахоклисура. Загинува заедно со четворица негови четници во 1907 година во близина на Курбиново. За време на претресот на неговото тело, турските власти пронашле списоци со доверливи лица во областа и војводски печат со натпис ʺГлавен војвода на македоно-романските чети“.
Васил Балевски вели за Александар Кошка:
ʺВласите беа дел од нашата организација, нивните комитети се договорија централно. Војвода им беше Александар Кошка, одличен човек.ʺ
21 МАРТ: На денешен ден:
1905 година загинува Иван Христов Орџанов, познат како Иванчо Карасулија, Карасулски, Гевгелски или Дилбер Иванчо, бугарски револуционер, војвода на Внатрешната македонска револуционерна организација и на Врховниот македонски комитет.
Иванчо Карасулија е роден во селото Карасуле (Ругуновец), денес град Поликстро, Грција. Татко му е од Орџановиот род во Петрово, а неговата мајка е од Делиатанасовиот род од Божец. Неговиот чичко, Атанас Орџанов, е деец на ВМОРО и ВМОК.
Орџанов останал без образование и станал хајдутин, заедно со Кади Јусеин од Негорци и Мола Идриз од Карасинанци. За кратко е во четата на Миц Ѓаваталијата. Уапсен е од османлиските власти во 1896 година и поминува 7 месеци во затворот во Солун. Влегува во ВМОРО, покрстен од свештеникот Стамат Танчев и извршува терористички порачки од Централниот комитет. Заедно со Митре Дудуларски од Дудулари, по наредба на Груев, го убиваат ренегатот Илија Пејчиновски (Пејчиновиќ) која станал српски учителк и фо организирал убиството на учителот по хемија во Солунската гимназија, плевенчанинот Христо Ганов.
Откако извршуваа неколку убиства над шпиони, прогонувани од властите на 15 септември 1897 година, Карасулија, Апостол Петков и Спиро Карасулски стануваат нелегални, а подоцна, кон нив се придружува и Христо Узунов од Куфалово. Војвода е Карасулијата со подвојвода Апостол Петков, а малата чета е вооружена од Аргир Манасиев во Смоквица. Кон средината на февруари кон четата им се присоединуваат и Гоно Балабанов од Шехово и Павел Граматиков од Кониково, Стојко од Карасуле, Лазар Делев од Ореховица, Гого Киров и Мито Јаков Хаџијата од Мутулово, Кољо Машкото од Богородица и Коста Мусевски од Костурино. За кратко време, четата која дејствува во Дојран, Гевгелија и Ениџевардарско, предизвикува страв кај Грците и Турците-зулумџии во регионот.
Гевгелискиот раковофител на ВМОРО Илија Докторов пишува:
„ Още със сформирането на тая малка нелегална група в нашия край, като мълния се разнесе по всички села в околията, че има революционна чета под воеводството на Иванчо Карасулски. Четата започна много тайно да обикаля организираните села. Навсякъде намираха отличен прием. Организираните членове във всички села, където отиваха гледаха на тях като на спасители от турската тирания. В тяхно лице виждаха герои, които са готови да жертвуват живота си за свободата на роба. По селата се надпреварваха кой да ги вземе у дома си. “
Во 1898 година го запленува богатиот турски бег Туран ага од Мемешли и зема 2000 турски лири за откуп. Централниот комитет, со долги расправии, успева да го собере откупот што четата сака да го задржи за себе си и според гевгелискиот раководител Аргир Манасиев, Карасулија и Апостол војвода ја губат довербата на Централниот комитет. Карусулијата и Апостол се разделуваат во јуни, при што едниот делува во Гевгелиско, а другиот во Ениџевадрарско, но и двајцата продолжуваат со хајдутлук. Даме Груев инсистира на смртна казна, но на тоа се спротивставуваат гевгелиските и ениџеварадрските раководители на ВМОРО и за да се стегне дисциплината во реонот испратена е четата на Михаил Апостолов.
На крајот на 1898 година, Карасулијата и Апостол Петков добиваат задача да го ликвидираат еден од најголемите шпиони во гевгелискиот регион, околискиот лекар, гркот Димитриос Кивернидис, кој е убиен од двајцата во ноември.
Во декември 1899 година, четата на Карусулијата неуспешно се обидува да киднапира еден богат гркоман, сопственик на рудник, од неговата куќа во Валандово, и до тоа ја предизвикива тешката Валандовска афера.
Карасулијата заминува за Бугарија, каде според Ангел Динев, е испратен од ВМОРО да се неутрализира заради неговите чести харамиски пројви. Таму се зближува со генералот Иван Цончев и се присоединува кон Врховниот комитет, а во пролетта 1902 година се враќа во гевгелиско и ениџевардарско како врховистички војвода, што го довело во судир со Апостол Петков и Аргир Манасиев, кои се обидуваат да го вратат во Внатрешната организација. .
За време на Илинденско-Преображенското востание во селото Корнишор, четите на Крустју Асенов од Кукушкиот крај и ениџевардарските чети на Апостол војвода и Иван Карасулијата се обединуваат. Тука пред 250 четници станува осветувањето на знамето. За време на востанието се воделе низа битки во Гевгелија и Ениџевардарско. На 12 септември, четите на Апостол, Иванчо Карасулија и кукушката чета на Гоце Нисторов, вкупно 103 души, се борат на врвот Гундач на Пајак со 1.200 турски војници. На 13 октомври, четите на Апостол, Иванчо Карасулијата и Трајко Готов во голема битка ги поразуваат пешадијата и коњицата собрани против нив од Гевгелија, Ениџе Вардар и Гуменџе. На крајот на востанието Иванчо Карасулијски учествува во снимањето на филмовите на британскиот кинематографер Чарлс Нобл.
Иванчо Карасулија е убиен, заедно со целата своја чета, во битка во местноста Џарлов Рид кај денес исчезнатото село Лесков, на грчки Трија Елата.
Сестрин син на Иванчо Карасулијата е Антон Југов, раководител на Бугарската комунистичка партија и премиер на Бугарија.
Михаил Думбалаков за Иванчо Карасулија пишува:
„ Млад, красив, строен, левент, този човек, комуто природата бе изсипала всичките си дарове, постигайки в него онази хармония на красотата, еднакво отразена в душата и тялото, му бе отредила и красив жизнен път, изпълнен с борби и подвизи, чиито варианти бяха само легенда…
Прословутата му смелост бе импонирала и на турците. Те в душата си адмирираха храбреца, който очароваше с моминската си хубост и красивата арнаутска премяна.
Свенлив като селска девойка и неук като нея, Иванчо Гевгелийски си бе спечелил между турците прозвището Гизел Иванчо.
Този син на народа, излязъл от неговите недра, бе отразил в себе си всичките му добродетели и нито един от недостатъците му.
Безумен храбрец, неговото име само бе обръщало в бягство многочислени потери. Докато Апостол войвода отбягваше честите срещи с турските потери, Иванчо Гевгелийски от своя страна… търсеше противника, предизвикваше сраженията и там показваше неподражаемото си изкуство. Ала чудният юнак, който бе търсил смъртта в открит и честен двубой бе също предателски и подло убит.“