5 ЈАНУАРИ На денешен ден:

georgi-vazov1860 г. Во Сопот е роден генерал Георги Вазов (1860 – 1934). брат е на писателот и поет Иван Вазов и на ген. Владимир Вазов. Го завршува Одеското пешадиско училиште и Руската военно инженерска академија. Еден од организаторите на русофилскиот преврат на 9 август 1886 година. Емигрира во Русија, каде што служи во Закаспијската област околу 10 години. По враќањето во Бугарија е инспектор на инженерските војски (1904 – 1908). За време на Првата балканска војна (1912 – 1913) во Одринската операција командувасо  Источниот сектор. Раководи со секторот за време на офанзивата на сојузничките трупи два месеци подоцна, при што Едрене е освоен. На неговиот участок се заземени првите фортови Ајвазбаба, Ајджиолу и др. Учествува во пленувањето на Шукри паша.

Министер е на војната од 27 јуни до 28 август 1913 година Автор на неколку трудови за војните во 1885 година и 1912 – 1913 година Умира на 13 август 1934 година во Софија.

4 ЈАНУАРИ На денешен ден:

Димче Могилче1908 година се самоубива Димко Сарванов, наречен Димко  Могилчето или Димче Могилче, бугарски револуционер, војвода на Македонската револуционерна организација.

Димко Сарванов е роден во 1879 во битолското село Могила, тогаш во Османлиската империја, денес во Република Македонија. Завршува основно училиште во Могила и станува член на ВМОРО, каков што е и неговиот постар брат. Влегува во четата на Ѓорѓи Сугарев и дејствува со неа во Битолско и Мариово. По разделувањето од неа,  четник е при Иван Кафеџијата, со која за време на Илинденското востание дејствува во Пелистер и Преспа. Во 1904 година станува војвода на самостојна чета. Негов четник е Грујо Акелов.

По смртта на Георги Сугарев ја продолжува борбата против четите на грчката пропаганда во Мариово. Определен е за битолски реонски војвода со тоа што  дејствува со 8 лица четници и во реонот на Малко Мариово. Негови помошник војводи се Христо Атанасов, Иван Димов Пашата и Алексо Стефанов

На 4 јануари 1908 година Сарванов паѓа во заседа во селото Ношпал и за да не падне жив во рацете на Турците се самоубива.

Погребан е на гробиштата во дворот на црквата „Света Недела“ во Битола.

2 ЈАНУАРИ На денешен ден:

%d0%bd%d0%b0%d0%bc%d0%b0%d0%bb%d0%b5%d0%bd%d0%b0-%d0%b8%d0%b2%d0%b0%d0%bd-%d0%b3%d0%b0%d1%80%d0%b2%d0%b0%d0%bd%d0%be%d0%b2-460x4451903 година од 2 до 4 јануари во Солун се одржува конгрес на ВМОРО (Внатрешна македонско-одринска револуционерна организација), предводен од Иван Гарванов. Донесена е одлука за кревање на сеопшто востание (Илинденското востание во 1903 година) за ослободување на бугарското население во Македонија и Одринска Тракија, предадени на Отоманската империја во согласност со Берлинскиот договор. Највидните дејци и раководители на ВМОРО Гоце Делчев, Дамјан Груев, Ѓорче Петров и други се против избрзани акции. Откако станува невозможно да се поништи одлуката, се прецизира востанието да се одложи за летото.

1 ЈАНУАРИ На денешен ден:

778b396dbc7d940e65f11ff063b2414b1893 година во Казанлак е роден генерал-полковник Васил Бојдев (1893 – 1983). Командант на Воздушните сили од 1936 до 1941 година и командант на Петтата армија од 1941 до мај 1944 година. Еден од хероите на борбите со соглашенците крај Охридското Езеро во 1916 – 1917 година На негово име е наречено Бојдево, село Пештани, Охридско, каде офицерот војува во двете светски војни. Во 1941 година при склучување на договор и протокол за влез на германските војници во Бугарија, преговорите се предводени од ген. Васил Бојдев со штабот на Дванаесета германска армија во јануари во Синаја, Романија. Отпуштен е од војската во 1944 година. Умира во Тројан на 23 април 1983 година