17 АПРИЛ: На денешен ден:

578101_346487152074557_1818487183_n1877 година во Радовиш е роден Константин (Коце) Димитров Ципушев бугарски револуционер, деец на Внатрешната македонско-одринска револуционерна организација. Завршува средно во родниот град, потоа во 1895 година го продолжва обучувањето во бугарската машка гимназија „Св Свети Кирил и Методиј“ во Солун. Во Солун станал член на тајниот ученички кружок, кој е помошна единица на ВМОРО под раководство на Даме Груев. Ја завршува гимназијата во 1899 година. Се жени за Екатерина Александрова, сестра на Тодор Александров. Во 1899 година се запишува во Високото училиште во Софија, како студент по хемија. од 1900 до 1902 година го продолжува своето образование во Женева, каде што студирал заедно со Симеон Радев. По завршувањето на студиите се враќа како учител во родниот крај, каде што продолжува со револуционерната дејност. Раководител е на револуционерниот комитет во Кочани. Во почетокот на 1903 година заминува за Костур, каде е учител во бугарското училиште. Уапсен е од властите и лежи во Битола до април 1904 година. Во 1905 година е назначен за учител во Битола, но властите не му дозволуваат да го заземе местото. Во март 1906 година властите повторно го затвораат за четири месеци во Куршумли ан во Скопје. Во 1913 година по Втората балканска војна е принуден да се пресели во Софија. Од 1914 година е претседател на окружната постојана комисија на новоослободениот Струмичкиот округ. Раководи со револуционерниот пункт во Струмица според директивите на Тодор Александров. По Валандовската акција во 1915 година е повикан за објаснување лично од премиерот Васил Радославов. По крајот на Првата светска војна на 6 ноември 1918 година е уапсен од англиските окупаторски војски, предаден на српските власти, кои по измачувања го осудуваат на смрт, заменета подоцна со 20 годишна затворска казна. Излегува од затвор во 1937 година. Се враќа во Македонија по нејзиното анексирање од Бугарија во 1941 година. Од 1942 година е потпретседател на Радовишкото друштво на Илинденската организација.

-19 години в сръбските затвори. Спомени-, София, 1943 година (1)Во 1943 година во Софија објавува спомени, под наслов „19 години во српските затвори. Спомени „. Предговорот кон изданието насловен „Еден корав Бугарин“, е напишан од Симеон Радев. Книгата подоцна е систематски  уништувана од комунистичките власти. По 1944 година е принуден да се врати повторно во Софија. Предложено му е од новите власти да соработува при македонизацијата на населението во Пиринско, но тој категорично одбива. Умира во Софија на 11 јануари 1968 година. Спомените му се адаптирани на македонски литературен јазик и издадени во Скопје во 2003 година од Владимир Перев. Во 2006 година спомените се реиздаваат и во Софија.

17 АПРИЛ: На денешен ден:

261509a94821132bb6d4b8d23991f76ec70a2b1898 година Умира Иљо Војвода – бугарски ајдутин, деец на националноосвободителното движење. Во продолжение на околу 20 години служи како пандур (чувар) во Рилскиот манастир, по што се враќа во своето родно село Берово. По 1848 година дејствува со чета во Малешевска планина, Пирин и Рила. За време на Кримската војна (1853-1856 година) неговata дружина брои околу 300-400 лица. На крајот на 1861 година пreминува со голем дел од својата чета во Србија, а во 1862 година влегува во Првата бугарска Легија. За време на Српско-турската војна (1876 година) со многуброен одред од доброволци се борел против турските војници. За време на Руско-турската ослободителна војна (1877-1878 година) собира чета, со која дејствува во Ловешко во помош на руските војници. Зема учество во ослободувањето на Радомир и Ќустендил, по што се префрлува во Пијанечко и Малешевско. Учествува во Кресненско-Разлошкото востание (1878-1879 година). За време на Српско-бугарската војна од 1885 година дејствува со чета во реонот на Краиште и Врање. Воспеан е во бугарските народни песни.

15 AПРИЛ: На денешен ден:

11072739_879913078731959_455332153055780028_n1931 година загинува Андон Стојанов Тошев, познат како Доне или Дончо Штипјанчето или Штипјански, или кираџијата, бугарски револуционер, деец на Внатрешната македонско-одринска револуционерна организација. Определен е како основоположник на стоицизмот во Организацијата.

Андон Стојанов е роден на 20 јуни 1867 година во штипското село Ерџелија, тогаш во Отоманската империја. Родителите му биле Стојан Илиев, наречен нагалено Тоше и неговата сопруга Мита. Потекнува од најголемата по тоа време семејна задруга во селото – Ергелијските. Живее во Штип од седум годишна возраст, по смртта на мајка си, заедно со својот татко и втората сопруга Јордана Дамјанова. Има брат Тодор и сестра Андроника родени на крајот на 70-тите. Учи шест години во бугарското училиште, потоа учи занает и од 14 годишен работи како кожувар по селата. Активист е на бугарското читалиште „Дејтелност“ во градот, каде што е воспитан со расказите за Васил Левски, Христо Ботев и другите бугарски револуционери, кои ги дале животите за слободата на Татковината. Околу февруари 1888 година се жени за Катерина (1864-1958), ќерка на штипскиот делегат од Ќустендилската епархија на Првиот црковно-народен собор во формирањето на Бугарската егзархија во 1871 – економ поп Апостол Поликарев со која имаат 6 деца. Братот на Катерина – Григор Попапостолов, учител во Кочани, е осуден во 1885 година во масовен процес од вилаетскиот суд во Приштина за обид за вооружена акција против власта. Починал на заточение во Дијарбекир, заедно со неговата сопруга и 2 од 5-те деца на крајот на 80-тите години. По убиството и на неговиот татко Стојан од муслимани, околу април истата 1888 година, Доне Стојанов, врз кого единствено останува издржување на семејството, го продолжува релативно профитабилниот му занает на кираџија, создавајќи си широки познанства, кои му послужиле во револуционерната дејност.

Се вклучува меѓу првите во активностите на штипскиот комитет на ВМОРО, врбуван од Даме Груев. Како доверлив курир на Гоце Делчев му е препорачан од неговиот соборец прилепчанецот Тодор Станков. Една од првите задачи кои Андон Стојанов ја спроведува во текот на летото на 1895 година е да се сретне со авантуристот Александар Чакаров и неговата чета во Виничко и од името на Гоце Делчев да го одврати од неговата намера да крева востание со 40 лица. Од крајот на 1895 година заедно со останатото оружје, литература и конверзација тој почнал да пренесува за комитетите и бомби, чиј главен производител во овој период е Наум Тјуфекчиев во Софија. На 7 април 1896 година на влез во Битола до храмот „Света Недела“, Андон Стојанов е заробен од турските власти, носејќи бомби, револвери и муниција, предадени во Штип на 3 април од Тодор Станков. Подложен е на најжестоки мачења со месеци, но не издава никого. Сепак, од откриеното кај него шифрирано писмо упатено „до Аврам Моше, Битола“, властите се сомневаат за постоењето на организација. Битолскиот валија Абдулкерим паша Бурсал ги поканува европските конзули во градот да ги видат бомбите. Започнува серија апсења по маршутата на Доне Стојанов при неговото патување- во Битолско, Прилепско, Штипско- само под сомнение. Ова му овозможува на Гоце Делчев да се врати во Штип од планираното патување до Бугарија, настигнат и запознат од курирот Спиро Келеманов. Испрашуван првично од штипскиот кајмакам, а по еден месец и во Скопје, Делчев е ослободен под услов да го напушти Штип, а Тодор Станков – тогаш негов колега и цимер – не е дури ни осомничен. По речиси година истрага Доне Тошев е осуден на 101 години затвор во пранги, намалена подоцна на 15 години. За неговата скромност и непоколеблива цврстина сведочат:

„Доне си создаде име во организацијата на праведник на тврдостта покрај големите страдања. Така се создаде традиција – еден дух да не се предава, да не се издава ништо. Се натпреваруваа, кој повеќе маки да издржи. Барањето на Донета беше само да се дава по една вреќа брашно на неговите деца, и тоа го правевме … Доне, кога излезе од затворот, со сма раскажуваше за маките како за обично нешто. “

Христо Силјанов:

„Турците тргнаа да извлечат од пренесувачот откритија. Комитетските луѓе трепнаа од мислата дека заловениот преносувач може да пројави слабост. Но штипјанецот се покажа тврд како карпа. Затворен во еден долап, кѫде е невозможно да се легне, тој ги истрпи сите тортури – бој, горење на грбот со жешко железо и др. – и не го смени до крај одговорот: ништо не знае, друг некој ги турил бомбите во вреќите, без да го прашува … Во долапот на затвореникот почнаа да пристигнуваат пити и печени пилиња – материјален израз на благодарността и восхитта на битолчани од Доневата твърдост. Се се заврши со осудување на уапсениот на доживотен затвор.

Првото искушение беше надминато. Доне се прослави низ цела Македонија: „создаде име во Организацијата како праведник на твърдостта при најголеми страдања“, – како оправдано забележува Ѓорче Петров.

и Анастас Лозанчев:

„При еден претрес на вреќи со ориз, во кои беа скриени бомби, беше фатен Доне Щипјанчето и уапсен. Подложен на мачење, тој не предаде никого. Ги познаваше и Пере Тошев, и Г. Петров, и мене, и др. Кај мене дури беше спиел неколку ноќи. “

Херојството на Дончо Щипјанчето е воспевано од благодарните битолчани во популарна револуционерна песна. Опишано е и од Пејо Јаворов, со кого се познавале, како и од Димитар Талев, кој црпел информации од неговата жена Катерина. На пример името на нејзината мајка е Нија (Агнија), Спиро Келеманов е прототип на чевларот Коле, кој го придружувал Гоце Делчев до Софија и др. Во знак на почит кон личноста на Доне Тошев, во романот „Илинден“ писателот прави исклучок да го опише целосно документално и под неговото вистинско име.

Во затвор е поддржуван од Јордан Гавазов и Стојан Лазов, со кои го вршат атентатот над србоманот Мицко Крстев, поради што поминуваат нови 3 месеци во „затворен долап“ со димензии метар на метар на метар и 50. Помош им укажува и Димитар Лимончев, секретар на бугарското трговско агентство во Битола, како и агентот Никола Стојчев. Амнестиран е како Бугарин заедно со други 9 затвореници по повод на Грчко-турската војна на 20 октомври стар стил 1897 година. Излегува од затвор три дена подоцна и се враќа во Штип. Баран повторно од властите, после неколку недели се пренесува преку границата во Ќустендил, следен по неколку месеци од целото семејство – сопругата, синот Панчо, втората жена на татко му, брат му и сестра му. Првороденото му дете Софка умира додека е во затвор. Десетина години живеат во куќата на баба Дона Ковачева, базата на Гоце Делчев во Ќустендил, каде се раѓаат и 4 од неговите деца – Крум, Цвета, Елена (1908-1986), Надежда (1906-1953). Ја продолжува револуционерната дејност и занаетот на пренесување на товар со коњи. По смртта на Даме Груев е следбеник на Христо Матов и Тодор Александров. Активен e во ВМРО до почетокот на 1922 година, кога неговото здравје се влошува конечно.

Андон Стојанов умира на 15 април 1931 година во Ќустендил. На неговиот погреб последниот му жив другар од првите денови на Организацијата Тодор Станков поставил венец со натписот: „на Гај Муциј Сцевола!“

Еден од синовите на Андон Стојанов Тошев е деец на десницата на ВМРО Панчо Тошев – пратеник од Македонската парламентарна група во XXIII ОНС (1931-1934) и окружен полномошник на ЦК на ВМРО за Пиринска Македонија. Другиот син – Крум Андонов Тошев (1899-1965) е активист на Македонскиот младински сојуз во 20-тите години, а ќерката Бојата Андонова Тошева – Иванова (1902-1985) – на Македонскиот женски сојуз до превратот на 19 мај 1934. За време на комунистичкиот режим по 9 септември 1944 Крум Андонов Тошев и неговиот син Антон Крумов Тошев (1930-1978) се политички затвореници.

Веќе 138 години Софија е престолнина на Бугарија

На 3 април се одбележува 138-годишнината од прогласувањето на Софија за престолнина на Бугарија.

На 3 април (22 март по стар стил) во 1879 година основачкото собрание во старопрестолниот Велико Трново го избира за престолнина на Кнежеството Бугарија градот Софија. Предлогот е на проф. Марин Дринов – историчар, научник и државник. Според податоците од 1878 година, Софија има 11 694 жители, 2 училишта, 7 цркви, 10 ана, 120 дуќани, 62 таверни, 19 фурни и 3 306 куќи, а вкупната нејзина површина е 2,84 кв. км.

Веќе 138 години Софија е бугарската престолнина.

На 3 април 2017 година општината организира празнична настани: фотографска изложба „Софија во четири сезони“, со автор – Елина Нинова. Местото е галерија на отворено на општината во Градската градина.

Изложбата обрнува поглед кон живите елементи во Софија – природата и луѓето во четирите сезони на годината.