29 ДЕКЕМВРИ: На денешен ден:

1932 година е извршен атентат над Симеон Евтимов, во кој уредникот на весникот ʺЛа Маседоан“ (1927-1932) и на весникот ʺМакедонија“ (1932) е тешко ранет. Умира два дена подоцна. Атентатот е организиран од групата на протогеровистите во сојуз со комунистичката ВМРО (обединета). ʺСмртта на Евтимов е една национална катастрофа“, коментира Симеон Радев. Симеон Евтимов е деец на Внатрешната македонска револуционерна организација, новинар. Роден е во селото Емборе, Кајларско. По Првата светска војна, 1914–1918 е еден од видните дејци на ВМРО. Близок соработник е на Иван (Ванче) Михаилов. Уредник е на весникот ʺЛа Маседоан“, кој излегува на француски јазик во Женева (од 1927 година). Неколку години подоцна е директор на весникот ʺМакедонија“ во Софија.

30 АВГУСТ: На денешен ден:

Во 1925 година, е стрелан од српски џандари Кирил Глигоров (Григоров) Келешов, бугарски револуционер и деец на Внатрешната македонска револуционерна организација.

Роден е во 1903 година во Штип, тогаш во Отоманската империја. Потекнува од сиромашно семејство и рано се вклучува во ВМРО.

По наредба на Иван Михајлов, Кирил Глигоров го убива Стојан Мишев на 30 декември 1924 година пред прагот на неговата куќа во Штип. На пат кон Бугарија тој д предаден во кочанското село Костин дол. По кратката престрелка, тој е уапсен и затворен во штипскиот затвор. Стрелан е од српската жандармерија на 30 август 1925 година.

17 АВГУСТ: На денешен ден:

Во 1904 година се самоубива Славејко (Славко) Арсов Кикиритков, бугарски револуционер, ресенски војвода на Внатрешната македоно-одринска револуционерна организација.
Славејко Арсов е роден во 1878 година во штипско Ново Село, тогаш во Отоманската империја. Основното образование го завршил во родното село, учи исто и во Скопје, а во 1897 – 1898 година во Софија. Неговиот брат Михаил станува член на ВМОРО во времето кога Даме Груев и Гоце Делчев се учители во Штип, а самиот Славејко се заколнува во 1895 година. На крајот на 1899 година Славејко Арсов се населува во Кичево, каде развива револуционерна дејност, лежи една година во затвор, а во есента 1901 година станува четник кај Марко Лерински, на почетокот заедно со војводата и Гоце Делчев ги обиколуваат Костурско, Воденско, Леринско и Битолско.
Заедно со капетан Тома Давидов тучествува во дејноста на ревизионата чета. Од февруари 1902 година, Славејко Арсов е војвода на самостојна чета во Битолско, а од летото во ресенско. Под негово водство, селаните на селото Круше ја отровуваат разбојничката чета на Асан Секира. Во Ресен, тој и Никола Кокарев ги основаа првите комитети на организацијата. На Смилевскиот Конгрес е делегат на Ресенскиот револуционерен регион заедно со Александар Панајотов, Велјан Илиев и Никола Кокарев. Пред востанието, во четата на Славејко Арсов се присоединуваат свештеникот Тома Николов и Донка Ушлинова. Учествувал во Илинденското востание. По востанието се повлекува во Бугарија.
Се враќа во Македонија во 1904 година заедно со четите на Атанас Бабата и Стојан Донски. На 9 јули 1904 година, се предадени од србоманите поп Иван и неговиот син од селото Кокошине, во близина на кратовското село Горно Ѓуѓанци и се опколени од турски аскер, по 6 часовна борба четниците почнуваат да се повлекуваат. Загинуваат 20 четници и војводата Стојан Донски, а ранетиот војвода Славејко Арсов се самоубива.
Четата на Миша Развигоров заедно со милиција притекнува на помош на Арсов, но закаснува. Развигоров влегува во Кокошине, го заробува попот Иван и го заколува заедно со уште десетина србомани, ги поставува труповите на куп и остава од горе писмо дека убиството е извршено од четници.

14 ЈУЛИ: На денешен ден:

Се разигрува битката на Ножот, најголемата и најкрвавата битка, водена од четничкиот институт на Внатрешната македоно-одринска револуционерна организација за целиот период на суштествувањето на Организацијата по Илинденско-Преображенското востание од 1903 година. Битката се одвива околу врв Ножот, во близина на селото Ракле, а фотографиите и расказите од битката се разнесуваат низ целиот свет.

По Илинденско-Преображенското востание, се засилуваат српската и грчката вооружена пропаганда во Македонија. На Рилскиот конгрес на ВМОРО одржан во септември 1905 година, се зема решение да им се даде решителен отпор. Од средината на мај 1907 година, четата на Тане Николов ги обиколува Поречието и Азот, а од јуни и 50-члената чета на Михаил Чаков и 30-члената костурска чета на Христо Цветков.

Кон четата на Тане Николов се присоединува и прилепскиот окружен војвода и член на окружниот комитет Петар Ацев. Кон нив се насочуваат и четите на Иван Наумов и прилепската реонска чета предводена од Мирчо Најденов. Во регионот се концентрираат вкупно: малку над 150 четници дојдени во последните два месеци од Бугарија, околу 45 четници од местните окружни и реонски чети, во поголем дел влезени претходната година во Турција и по решение на Организацијата оставени да се борат против туѓите пропаганди и скоро 150 души селска милиција, постепено подигнати од околните села. Основна цел на обединетата чета под водство на Тане Николов е прочистување на селата во планината Бабуна од србомански шпиони и конечно уништување на српската пропаганда. Србоманите, од своја страна, испраќаат агенти во Битола, Прилеп, Воден, Лерин, Тиквеш и Велес за да им предадат на турските власти каде се наоѓаат бугарските чети во село Никодин. По 10 јули, турските војски се раздвижуваат низ целиот регион.

Соборот зема решение, зборната чета да се раздели на неколку помали чети, кои да заземат позиции околу Никодин. Распоредувањето станува на следниов начин: едно одделение од 40 души зазема позиција над самото село; друго одделение од 100 души, што го сочинува главниот дел на четничките сили, се распоредува на падината помеѓу село Никодин и село Попадија; трет одред од 45 души, составен од Костурската чета (30 души) предводени од Христо Цветков и четници од четите на Михаил Чаков и Мирчо Најдов зазема позиција на карпата Ножот над село Ракле; две други групи (од по 8 души) четници, предводени од местните војводи Секула Ораовдолски и Велко Попадијски, се распоредуваат под врв Јасенова Глава, со задача да го обезбедуваат го патот помеѓу село Никодин и село Владиловци; последната група составена од четите на Тане Николов и Петар Ацев заедно со милицијата ја заземаат височината Попадијските Чукари. На 13 јули, војводите се собираат на совет, и покрај решението на прилепскиот градски окружен комитет за повлекување на четите, војводите откажуваат и се подготвуваат за отпор против турската армија. Атанас Попов од село Шестево, кој ја предводи костурската чета во отсуство на Христо Цветков, Трендафил Думбалаков, јункер од военото училиште, Петко Којчев од Панаѓуриште, Најдо Арсов од село Папрадишта и сите останати четници откажуваат да го напуштат врв Ножот и покрај ненадежноста на позицијата.

Утрото на 14 јули, турски аскер се насочува кон врв Ножот со цел да го опколи, друга група турски војски од исток отвора оган врз главната четничка команда. Четниците, кои се наоѓаат на Ножот, исто така отвораат оган врз аскерот кој доаѓа. 18 четници се искачуваат и го заземаат северо-источниот склон на самиот врв. Нивната позиција меѓутоа не им дозволува да видат што се случува на склонот. Турските единици започнуваат да заземаат позиции околу самиот врв и го опкружуваат. Војводата Мирчо Најденов запира една турска рота која напредува кон склонот Пешерата, а позицијата на неговаа чета станува команден пункт на зборните чети под водство на Тане Николов. Кон него се насочуваат турски војски од Тиквеш и Велес . Четата на Иван Наумов ги пресретнува Турците пред врвот Ножот, а одделението на Тодор Дочев, Никола Булгуров, Благој Каратанасов го одвраќа турскиот набег кон врвот Јасенова Глава, каде се заштитуваат четниците и го бранеа патот меѓу селата Никодин и Владиловци. До пладне Турците ја опколуваат областа, пристигнуваат нови турски одреди на чело со Енвер беј. Турска рота ги напаѓа преостанатите отцепени 18 младинци на северо-источната падина, притиснати и од исток од аскер, сите паѓаат убиени. Турците преземаат уште еден склон, кое отвора можност за тилов напад на Ножот. Група четници се самоубиваат со своите револвери, а последните легнувајќи врз останатите неколку бомби. Четата на врв Јасенова Глава ги одбива ударите од селото Смиловци и се повлекува. Четите на Михаил Чаков и Велко Апостолов – Попадијски се повлекуваат по Попадијската река во правец на селото Подлес. Со паѓањето на ноќта, четите се повлекуваат и турските војски ги губат нивните траги. Во наредните неколку дена аскерот фаќа и убива неколкумина изгубени и ранети четници.

Вкупниот број на загинатите четници во реонот на врв Ножот е 67, поголемиот дел од нив се родени во кнежество Бугарија. 45 од нив загинуваат на самиот врв, 10 други четници се убиени во подножјето на врвот Јасенова Глава, 6 души паѓаат при повлекување од врвот, 1 четник е застрелан на Мирчовата позиција , 4 четници се опколени во една плевна – и двајцата се застрелани, а другите двајца (ранети од претходниот ден) се запалени живи, еден заробен четник е обесен два дена подоцна во Велес.

По заземањето на Ножот, турците ги соблекуваат мртвите четници, но Енвер бег го запира грабежот и наредува почесен залп во чест на храбрите четници. Телата на четниците по негова заповед се погребани во близина на врвот од местните селани. Поради карпестата почва и недостигот на почва, тие се затрупани со камења и долго потоа делови од телата на хероите се разнесувани во местниста од диви животни и кучиња.

Документарната фотографија на жртвите, историјата ги должи на жандармерискиот реформаторски офицер, италијанскиот капетан Луциј, кој ги фотографирал голите тела на четниците и подоцна оваа фотографија паднала во рацете на прилепчани.

Познати се имињата на сите оние што учествувале во битката, како и на сите загинати востаници. Современите историчари од Република Македонија ги користат имињата само на неколкумина за да ја докажат ʺмакедонската“ суштина на овој пост-Илинденски настан. Основно се споменуваат имињата на Атанас Попов од село Шестевово, Костурско, на 17-годишниот јункер од Военото училиште во Софија и брат на двајца истакнати револуционери Трендафил Думбалаков од село Сухо, Солунско, на 19-годишниот Најдо Арсов од селото Папрадишта, Велешко и 18-годишниот Петко Којчев од Панаѓуриште. Како и на двајца местни милиционери – Милан Петров – Топличанец од Топлица, Димко Јованов – Газдата од Прилеп.

–––––––––––

Снимка: Битолската чета на Тане Николов