12 ЈУЛИ: На денешен ден:

1872 година во Либјахово е роден Борис Сарафов (1872-1907). Борис Сарафов е деец на национално-ослободителните борби на бугарите во Македонија и Одринско. Брат е на Крстјо Сарафов, познат бугарски актер. Борис Сарафов завршува во бугарската машка гимназија во Солун (1890) и на Военото училиште во Софија (1893). Служи како офицер во Белоградчик. Војвода е на чета во четничката акција на ВМОК (1895). Од мај 1899 до март 1901 година бил претседател на ВМОК. Соработува со Гоце Делчев и Ѓорче Петров – задгранични претставници на ВМОРО во Бугарија. Тој е началник на Генералштабот на востанието во Битолскиот револуционерен округ за време на Илинденско-Преображенското востание. Во 1903-1904 патувал низ Европа и ги популаризирал идеите и работата на ВМОРО. Учествува на Рилскиот конгрес (1905) како претставник на Битолскиот револуционерен округ. Избран заедно со Иван Гарванов и Христо Матов на задграничното претставителство на ВМОРО во Бугарија. Борис Сарафов е убиен заедно со Иван Гарванов од Тодор Паница во Софија на 28-ми ноември.

10 СЕПТЕМВРИ: На денешен ден:

1953 година умира Андон Лазов Јанев, нарекуван Ќосето или Велешанецот, револуционер, терорист, а подоцна војвода на Внатрешната македоно-одринска револуционерна организација.

Андон Ќосето е роден во 1855 година во селото Голозинци, Велешко. До 16-годишна возраст се занимава со овчарство, заедно со своите двајца браќа и двете сестри. Откако неговиот татко бил уапсен и однесен во Солун, се преместуваат во Велес кај чичко му. Таму Андон убива виден Турчин и избегал во Солун, каде што се присоединува кон ВМОРО, при што на почетокот извршувал терористички задачи. Се запознава со Даме Груев и прима наредби директно од него. Потоа станува фајтонџија на д-р Христо Татарчев, со што ја прикрива неговата нелегална активност. Во тоа време, неговиот постар брат Никола пристигнува во Солун и се поставува во служба на турските власти. Андон Ќосето сам предлага да го убијат брат му за да не ја издаде организацијата како што и го прават. Учествува и во убиството на српскиот учител во Солун Илија Пејчиновски од Струга, извршено од Иванчо Карасулијата и Митре Дудуларски од Дудулари.

Во мај 1898 година по наредба на Даме Груев, заедно со Ицо Джорлев од Кукуш, потпомогнати од гевгелиските лидери на ВМОРО Аргир Манасиев, Илија Докторов и Иван Телјатинов го убиваат во Гевгелија пред очите на кајмакамот Влаот Христо Цицов (Цицо), истакнат водач на гркоманската партија во градот, доносник на властите. За кратко се враќа во Солун, но го напушта поради тоа што сериозно го бараат турските власти. Заедно со четата на Илија Крчовалијата и Михаил Апостолов – Попето собираат пари од првенците во селото Горно Броди, а потоа обиколуваат и во Кукушко. Таму Андон Ќосето, заедно со неколку соработници, одвлекува чорбаджиски син, за кој 25 дена подоцна ги добива бараните 1000 фунти. По несогласувања, неговата чета е уапсена во Бугарија. Гоце Делчев и Антон Бозуков го помагаат нивното ослободување. Престојува во Софија, каде извршува порачки на Гоце Делчев. Заедно со Гоце Делчев и Михаил Апостолов прават неуспешен обид да земат откуп за еден струмички бег.

По 1897 година организира заедно со Михаил Попето чета која оперирала во Кукушко, Дојранско, Гевгелиско, Поројско, Малешевско, Струмичко. По убиството на Стефан Михајљану и распострануваните гласини за престојна војна меѓу Бугарија и Романија заминуваат за Ќустендил и потоа за Софија. Таму го посетуваат претставништвото на револуционерната организација, каде што се среќаваат со Гоце Делчев, Борис Сарафов, Михаил Герџиков и други.

На 27 јуни 1901 година Андон Ќосето, заедно со неговиот секретар Ташко Мицев и четниците Христо Гонов Кјурјушев од Стојаково, Дино Крондирски, Кара Васил и Трајчо Шереметлијски од Шереметлија престојуваат во селото Калиново, Кукушко. Предадени се од Христо Пецков и на 28 јуни четата е опколена во куќата на дедо Дончо од војска од Дојран и Кукуш. Четата го пробива обрачот, но тешко ранетите во нозете Ташо Мицов и Христо Кјурјушев се враќаат во куќата и се борат цела ноќ и во текот на денот на 29 јуни, кога во 5 попладне војската ј запалува куќата и двајцата загинуваат. Турците даваат доста убиени војници, како и 5 лица башибозук, меѓу кои и субашијата од Чугунци Ешрев. Раководителот на калиновскиот комитет на ВМОРО Дино Панов Захов е принуден да стане нелегален во четата на Григор Тотев, а брат му Мицо – во четата на Андон Ќосето. На 20 октомври Дино Караколев од Драгомирци по наредба на Григор Тотев ја извршува смртната пресуда над предавникот Пецков.

До убиството на Михаил Апостолов во месец март 1902 година Андон Ќосето е војвода во Струмичко, а потоа во Кукушко. Уште од 1900 година одржува контакти со Јане Сандански, а во 1901 година заедно со него, Христо Чернопеев, Сава Михајлов, Крсто Асенов и Никола Дечев учествува во Аферата Мис Стоун. Во средината на 1902 година четата му е откриена од турски аскер во Струмичкото село Бориево, каде по тешки борби се повлекува. Следниот ден аскерот го опожарува селото, уапсени се десетици селани од него и почнува Бориевската афера.

За Илинденското востание на Андон Ќосето му е наредено заедно со Ѓорче Петров и Лука Иванов да води чета во Прилепско. Во село Тројаци води мала борба со турски аскер и потоа се разделува со Ѓорче Петров, Лука Иванов и Пере Тошев, и заминува за Велешко. На поаѓање од село Скачинци на 17 октомври Андон Ќосето со 30 лица четници се бори на „Клепата“ против 500 души аскер. Во грб на аскерот излегува Борис Сарафов со 70 души четници. Починуваат 4 души четници и 65 непријателски војници. СЕ измолкнуваат во текот на ноќта, а потоа двапати избегнуваат опсада на турски аскери. Од село Просениково се упатуваат кон границата и пристигнуваат во Ќустендил во средината на декември 1903 година.

По востанието ја спроведува организацијата и подготовката на селската милиција во Струмичко и Малешевско. Во овој период тој учествува и во работата на Серската група, но откако се разочарува од нејзината активност по неуспехот на Вториот Рилски општ конгрес (1905 година), се повлекува од активна револуционерна дејност. Поради претходна припадност кон Серската група, по убиството на Борис Сарафов и Иван Гарванов од Тодор Паница, во текот на неколку месеци е затворен, но поради застапништвото на ВМОРО е ослободен.

По започнувањето на Првата балканска војна во есента 1912 година Андон Ќосето заедно со Јонко Вапцаров, Георги Занков, Лазар Колчагов, Таско Кочерински, Михаил Чаков, Лазар Топалов, Стефан Чавдаров, Пејо Јаворов и други собираат чета, која е предводена од Христо Чернопеев. Заедно со 12-та рота од 27 чепински полк четата ја напаѓа Мехомија. Потоа Андон Ќосето служи во штабот на 13 Кукушка дружина.

По Балканските војни Андон Ќосето се населил во Горна Џумаја. На крајот на 1951 година југословенската влада внесува меморандум во ОН, во кој населението во Пиринска Македонија е прогласено за „југословенско малцинство“, прогонувано и тероризирано од властите во Софија. Истакнати стари македонски револуционери – Георги Попхристов, Андон Ќосето, Димитар Занешев, Лазар Томов, Александра Хаџидимова, сопругата на Васил Чакаларов Олга Чакаларова – се објавуваат во посебна декларација против југословенските претензии.

Андон Ќосето умира во 1953 година.

 

31 АВГУСТ: На денешен ден:

1924 година е убиен Тодор Александров (1881 – 1924), создавач и раководител на Внатрешната македонска револуционерна организација (ВМРО). Тодор Александров е роден на 4 март 1881 година во Штип, Вардарска Македонија. Од 1903 година е член на штипското околиско раководство на Внатрешната македоно-одринска револуционерна организација (ВМОРО). Три години подоцна, тој е назначен за окружен војвода на Скопскиот револуционерен округ. На почетокот на 1911 година бил избран за член на Централниот комитет на ВМРО преку писмен договор меѓу раководителите на организацијата. Тој ги организира и раководи атентатите во Штип (ноември 1911 година) и во Кочани (август 1912 година), кои го забрзуваат избувнувањето на Балканската војна. За време на Првата светска војна служи во штабот на Активната армија. По војната, заедно со генералот Александар Протогеров и Петар Чаулев, ја возобновува ВМРО. Се пројува како тврд и енергичен раководител на организацијата, создавајќи хармонична и дисциплинирана организација, верна на идеите за ослободување на Македонија. Напорите на владата на Александар Стамболиски да ја извади Бугарија од меѓународната изолација и да ја заштити од непријателските соседи со откажување од заштитата на правата на бугарското население оставено во рамките на Кралството на Србите, Хрватите и Словенците создадено во 1918 година, е прифатено како предавство од страна на ВМРО и водат до политички и вооружен судир меѓу владата и организацијата на Александров.

Во 1923 година, ВМРО на Тодор Александров го поддржува 9-то јунскиот преврат и соборувањето на владата на БЗНС. Се обидува да ја искористи помошта на на комунистичките сили на Балканот и на Коминтерна, како резултат на кое се стигнува до потпишувањто на Мајскиот манифест од 1924 година, но брзо потоа се откажува од Виенскиот договор. Макар што Тодор Александров објавува дека тој лично не го потпишал овој документ, неговото публикување доведува до огромен удар за ВМРО и губење на престижот во самата Бугарија. Лидерот на ВМРО, под притисок на тогашната бугарска влада на Александар Цанков, јавно се откажува од сите контакти со комунистичките сили. И покрај тоа, ВМРО попаѓа во изолација, стекнувајќи непријателство не само на дотогашните непријатели на бугарштината во Македонија и на комунистичкото движење, туку и на владата во Софија. Во ваква состојба на 31 август 1924 година во близина на селото Сугарево во Пирин Тодор Александров е убиен.

 

13 ЈУЛИ: На денешен ден: (ВИДЕО)

1907 година под команда на Тане Војвода, обединетите чети ги водат најголемите битки на ВМРО со турската војска по Илинденското востание кај ʺНожотʺ, Попадијски Чукари и Јасенова Глава, Прилепско. Загинуваат 54 четници, главно од костурската организациска чета.

Поголем дел од загинатите се по потекло од Кнежество Бугарија. 45 од нив загинуваат на самиот врв, други 10 четници се убиени во подножието на врв „Јасенова глава“, 6 души паѓаат при повлекувањето од врвот, 1 четник е застрелан на Мирчовата позиција, 4 четници се заобиколени во една плевна – двајца од нив се стралени, а другите двајца (ранети од претходно) се изгорени живи, еден заловен четник е обесен по два дена во Велес.

Во продолжение може да ја слушнете песната ʺБитката на ножот“, слушана од Блаже Кепески од Прилеп.