Ваква информација е објавена на официјалната веб-страница на Алијансата во сегментот „За нас“. Во делот каде се споменува Шекеринска стои дека таа има огромно искуство како креатор на политики, создавач на консензус и поборник за силни трансатлантски односи.
Поранешната вицепремиерка и ексминистерка за одбрана Радмила Шекеринска од вчера и официјално ја презеде функцијата земник-генерална секретарка на НАТО.
Ваква информација е објавена на официјалната веб-страница на Алијансата во сегментот „За нас“. Во делот каде што се споменува Шекеринска пишува:
„Радмила Шекеринска ја презеде функцијата заменик-генерален секретар на НАТО на 2 декември 2024 година. Како поранешен вицепремиер и министер за одбрана на Северна Македонија, г-ѓа Шекеринска има огромно искуство како креатор на политики и создавач на консензус. Таа е шампион на родовата рамнотежа и постојан поборник за силни трансатлантски односи.“
Може да jа лаjкнете ФБ страницата на ТАТКОВИНА тука