Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, ги негираше наводите дека републиканскиот претседателски кандидат на изборите во САД и поранешен претседател Доналд Трамп телефонски разговарал со рускиот претседател Владимир Путин седум пати по заминувањето од функцијата.

„Не, тоа не е точно“, рече Песков, а пренесува РИА Новости.

За наводните телефонски разговори меѓу поранешниот американски претседател и рускиот лидер се зборува во книгата на американскиот новинар Боб Вудворд (81) со наслов „Војна“, која ќе биде објавена следната недела.

Може да jа лаjкнете ФБ страницата на ТАТКОВИНА тука


Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO