
Тоа не е територијален спор некаде во источна Европа, туку спор за тоа кои сме ние и што не прави Американци, кажа кандидатот за претседател на САД.
На средбата со Зеленски во Белата куќа на 26 септември, дедо Бајден му кажа на својот собеседник многу правилни и пријатни зборови. Но, за жал, тој ја пропушти можноста само со една фраза да предизвика сериозна политичка криза во бункерот на Кремљ. Во своја претходна публикација одбележав, дека по Курск се појави нов противник на Путин, потенцијално многу поопасен за него. Тоа е неговата претходна база од поддржувачи – Z-општеството, осудувајќи го диктаторот не затоа што ја започнал престапната војна, туку затоа што, како што тие претпоставуваат, тој ја губи и му дозволува на Западот неказнето да ги преминиува, една по друга прочуените „црвени линии“ во својот одговор на рашистичката агресија.
Во оваа средина, се здобиваше со сила, страшното за секој руски диктатор сомневање: „Царот не е вистински!“. Обидувајќи се да се спротивстави на оваа тенденција, Путин започна да заигрува во својот бункер секојдневни перформанси со „страшни закани“ против земјите на НАТО доколку ја преминат (како што и се канеја да направат) една од најглупавите „црвени линии“ – забраната Украина да користи западно оружје. за длабоки удари на руска територија.
Доколку Бајден го беше објавил на неговата средба со Зеленски, ова одамна созреано решение, рашистичката аудиторија ќе беше сериозно разочарана од Путин и конечно ќе беше убедена дека неговото постојано нуклеарно мрморење е празен блеф. Крајно претпазливиот дедо ги крена рамениците и реши да почека до 5 ноември. Ова е сериозна грешка, пропуштена (или одложена?) шанса да се поткопа режимот на Путин одвнатре.
И обратно – одлуката на администрацијата, мисијата на главен говорител на САД (во останатиот дел од кампањата) на темата руско-украинската војна да му биде предадена на претседателскиот кандидат, се покажа како успешна. Харис и Зеленски на заедничка прес-конференција направија резиме на дводневната посета на претседателот на Украина на САД.
Камала Харис го искористи овој пас на брилијантен начин:
„Бев горда да застанам до Украина. Ќе продолжам да ја поддржувам Украина. И ќе работам, за да гарантирам. дека Украина ќе победи во оваа војна. Американскиот народ добро го разбира значењето на слободата, независноста и важноста на владеењето на правото. Овие идеали се во центарот на разбирањето за тоа, кои сме ние како Американци.
Секој од овие принципи е загрозен во Украина. И токму затоа борбата на Украина е важна за народот на Америка. И во некои од најважните моменти во нашата историја, се спротивставивме на агресори како Путин – точно како што треба да го направиме и денес“.
Со растечко позитивно изненадување, ја набљудував госпоѓата потпретседател на екранот на мојот телевизор. Ми се причини, дека нешто слично чувствува и застанатиот до неа на сцената Зеленски. Од каде се појави овој апсолутно черчиловски стил на нејзиниот политички говор?! И зошто на никој од Американците пред неа не му дојде на ум да каже едно нешто што е сосема очигледно и во исто време многу длабоко:
– дека руско-украинската војна е еден од најважните клучни настани во американската историја;
– и дека ова не е територијален спор некаде во Источна Европа, туку спор за тоа кои сме и што не прави Американци.
Краткиот говор на Камала Харис ни кажува многу. Таа има свој сопствен штаб од советници и свој круг на пишувачи на говори. И ставовите што ги исповедаат тие и Харис за војната во Украина немаат никаква врска со предавничките идеи на Барнс и Саливан, кои сè уште имаат влијание врз Бајден.
Харис и нејзиниот персонал планираат да го стават украинското прашање во центарот на нивната изборна кампања. Прво, затоа што војната во Украина е навистина клучен настан во денешната американска историја. И не само во американската. И второ, со оглед на личноста на нејзиниот противник, ова е многу политички технолошко. Поранешниот обвинителка на Лос Анџелес веќе го формулираше обвинението против професионалниот престапник во украинското дело:
„И покрај тоа, чесно кажано, ќе споделам со Вас, господине претседателе, дека во мојата земја има луѓе кои би ја принудиле Украина да се откаже од големи делови од нејзината суверена територија, кои би побарале Украина да прифати неутралност. Овие предлози се истите, како тие на Путин. И да бидеме јасни, тоа не се предлози за мир, наместо тоа се предлози за капитулација, кое што е опасно и неприфатливо“.
Предлозите на некои мои сонародници за капитулација на Украина се опасни и апсолутно неприфатливи. Тоа се предлозите на Путин.
Автор: Андреј Пионтковски, Каспаров.ru
Преземено од ФАКТОР.БГ
Може да jа лаjкнете ФБ страницата на ТАТКОВИНА тука
