Српскиот премиер Милош Вучевиќ, кој е во прва официјална посета на Скопје, изјави дека регионот на Западен Балкан заслужува шанса и поддршка од целата Европска Унија и оти верува дека времето што претстои ќе го потврди тоа.

На заедничката прес-конференција, по средбата со неговиот колега, премиерот на Северна Македонија, Христијан Мицкоски, тој рече дека Србија силно го поддржува „заедничкиот европски пат на Западен Балкан“.

„Ние веруваме во заедничка европска иднина за целиот регион. Ние веруваме во заедничка европска судбина и приказна за целиот регион на Западен Балкан“, рече премиерот на Србија, кој додаде дека тој и неговиот колега од Северна Македонија разговарале бројни теми и дека доминирала темата енергетика.

Претходно, за Вучевиќ беше организиран свечен дочек пред зградата на Владата на Северна Македонија – беше поставен црвен тепих, со почесна стража и интонирање на националните химни на двете земји.

Во Србија денеска беше потпишан меморандум за разбирање и соработка во областа на гасот меѓу Министерството за рударство и енергетика на Србија и Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини на Северна Македонија.

Пред еден месец, на средбата во Белград со вицепремиерот на Северна Македонија Иван Стоилковиќ, премиерот Вучевиќ рече дека двете земји немаат отворени прашања и дека ќе работат со Северна Македонија за зајакнување на регионот и влез во Европската унија.

Тогаш беше речено и дека се очекува формирање на Комисија за економска соработка, како и дека Србија и Северна Македонија треба да соработуваат и за интерконектор за снабдување со енергија. Северна Македонија кон крајот на јуни доби нова влада на чело со Мицкоски.

Може да jа лаjкнете ФБ страницата на ТАТКОВИНА тука


Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO