Изјавата на премиерот Христијан Мицкоски за нивната работа во Комисијата ја оценија за неаргументирана, обвинувачка и навредлива со која ги дели граѓаните на „заштитници“ и „незаштитници“ на националните интереси според неговите лични погледи. Со иста порака, како што велат, е и министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски кој, според поранешните членови на Комисијата, го прогласил ова тело за политичко, кое треба да штити стратегиските надворешно-политички позиции.

Двајцата поранешни членови на македонскиот тим од Заедничката мултидисциплинарна експертска комисија за историски и образовни прашања меѓу Северна Македонија и Бугарија, утринава преку писмено соопштение реагираа на последните промени во составот на Комисијата.

Оценуваат оти дел од политичарите, интелектуалците, а особено историчарите, од лукративни и политички причини, но и од незнаење, го прифатиле пристапот од бугарската страна и неаргументирано наметнале впечаток дека Комисијата дискутира за идентитетот и прави ревизија на македонската историографија.

Посочуваат оти на овој начин македонското општество влегло во стапицата на, како што велат, националистите во Бугаријаи и нивната намера да наметнат дискусија за овие прашања низ призма на политички интереси.

„Работата во Комисијата, која е експертско, а не политичко тело, за нас беше можност да се помогне во надминување на проблемите кои постојат помеѓу двете држави. Но, поради документите усвоени од страна на Владата во Софија (рамковната позиција и објаснувачкиот меморандум), неодговорното однесување на политичарите во двете држави, како и поради неодговорните и политизирани изјави на некои од колегите во бугарскиот дел од Комисијата и политички мотивираното заминување на новиот копретседател од македонска страна, таа беше злоупотребена за политички и партиски цели и интереси во двете земји“, пишуваат поранешните членови на Комисијата во соопштението испратено до медиуми.

Изјавата на премиерот Христијан Мицкоски за нивната работа во Комисијата ја оценија за неаргументирана, обвинувачка и навредлива со која ги дели граѓаните на „заштитници“ и „незаштитници“ на националните интереси според неговите лични погледи. Со иста порака, како што велат, е и министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски кој, според поранешните членови на Комисијата, го прогласил ова тело за политичко, кое треба да штити стратегиските надворешно-политички позиции.

„На тој начин министерот кажа дека историјата и науката ќе бидат во служба на политичките позиции на Владата, а не на научните и академски принципи. Тоа е позиција која ја посакува токму официјална Софија, односно за историјата да се дискутира низ призма на политиката, а притоа сета одговорност за таквиот пристап да е на македонска страна“, се додава во соопштението.

Додаваат оти во јавноста се наметнало уверувањето оти Комисијата треба да биде тело во одбрана на националните интереси, докажување на историски вистини и решавање на историографски прашања.

„Идејата дека Комисијата преку позитивните примери на слични комисии во Европа треба да помогне да се дојде до ослободување на наставата по историја од идеолошки и националистички влијанија кои очигледно ги држат во заложништво граѓаните и граѓанките на двете држави, беше целосно игнорирана, посочуваат оттаму и наведуваат дека дел од политичарите и од интелектуалците, а посебно историчарите, од лукративни и политички причини, но и од незнаење, ја прифатиле реториката и пристапот на бугарската страна со што во јавноста, без никакви аргументи, беше наметнат впечаток дека Комисијата дискутира за идентитетот и дека прави ревизија на македонската историографија.

-На тој начин, нашето општество наивно влезе во стапицата на националистите во Бугарија и нивната намера да наметне дискусија за овие прашања низ призма на политички интереси. Со тоа, всушност, ја пропуштаме шансата да се отвори сериозна академска дебата во која ќе може отворено да дискутираме за минатото и надвор од влијанијата на политички групи кои изминатите децении профитираа од злоупотреба на историјата. Да се дебатира отворено е очигледно тешко за дел од македонската интелектуална јавност“, посочуваат во соопштението поранешните членови од македонскиот тим на историската комисија.

На крајот на соопштението ја посочуваат неопходноста од промена на методологијата во работата на Комисијата и вклучување експерти од УНЕСКО, Советот на Европа или ОБСЕ, нешто што, како што велат, го барале од првата средба на Комисијата одржана во јуни 2018 година. На тој начин, според сега веќе поранешните членови, ќе се создадат услови негативните политички влијанија да се тргнат настрана од работата на Комисијата.

Може да jа лаjкнете ФБ страницата на ТАТКОВИНА тука

 


Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO