Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, овој во петок ќе престојува во Софија, јавуваат дел од бугарските медиуми. Според пишувањата, таа ќе присуствува на изведбата на операта „Набуко“ од Џузепе Верди од страна на ансамблот на Националната опера и балет.
Според неофицијални информации, во петок ќе се одржи и првата средба на Давкова со бугарскиот претседател Румен Радев. Се најавува дека како дел од македонската делегација ќе биде и министерот за култура Зоран Љутков. Засега не е потврдено дали и министерот за надворешни работи, Тимчо Муцунски ќе биде дел од делегацијата.
Бугарските медиуми потсетуваат дека откако стапи на должност, Сиљановска Давкова присуствуваше на операта „Валкира“ во Скопје, во изведба на Бугарската опера.
Сиљановска Давкова денеска ги прими акредитивните писма на новоименуваниот амбасадор на Република Бугарија, Желјазко Радуков.
На церемонијата на предавање на акредитивните писма, претседателката на амбасадорот Радуков му посака топло добредојде и успешно извршување на значајната дипломатска функција во насока на унапредување на односите и соработката во позитивен правец што ќе придонесе за зближување на двете земји и граѓаните.
Претседателката нагласи дека односите меѓу двете држави за жал не се на посакуваното ниво и не се соодветни за држави кои се непосредни соседи и сојузници во НАТО, од кои едната е членка на Европската Унија, а другата е кандидат за членство со силна посветеност кон ЕУ-интеграцијата.
Може да jа лаjкнете ФБ страницата на ТАТКОВИНА тука