Премиерот Христијан Мицкоски се сретна со новиот амбасадор на ЕУ во Македонија, Микалис Рокас. Тие разговарале за македонските напори на патот кон ЕУ.

“Денес остварив средба со амбасадорот и шефот на Делегацијата на Европската Унија, Микалис Рокас. Разговаравме за потребата за фасилитирање на процесот на членство на државава во Европската Унија, подвлекувајќи дека македонските напори на тој пат мора да бидат валоризирани. Посветени на процесот ќе успееме да ги надминеме пречките” напиша Мицкоски.

Може да jа лаjкнете ФБ страницата на ТАТКОВИНА тука


Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO