Ги повикуваме политичките партии да се надминат себеси, да престанат со лов на вештерки и замајување на јавноста за политичко дефокусирање и заедно да го усвоиме законот за меѓународно мониториран ветинг за сите наводи од независноста до денес, велат од ДУИ.

Од опозициската Демократска унија за интеграција (ДИУ) ги повикаа политичките партии да престане, како што велат, ловот на вештерки и да се донесе закон за меѓународно мониториран ветинг за сите политичари.

Од партијата велат дека ниската доверба во судството е поради партискиот притисок.

„Демократската унија за интеграција смета дека, за жал, напорите за воспоставување неселективна правда, се до ден денес, поттфрлија. Сето политичко интерферирање не донесе до 2% доверба на судството поради партискиот притисок во сите години од независноста, од страна на македонските политички партии, кој што продолжува и денес со цел воспоставување селективна правда по партиски терк“, велат од ДУИ.

Оттаму велат дека ветингот треба да ги опфати не само политичарите.

„Затоа, поради сите поттфрлања и недоверба, крајно време е да се воспостави меѓународно мониториран ветинг за сите политичари, судии, обвинители, олигарси, но и за приватизацијата и транзицијата во сите 32 години од независноста. Ги повикуваме политичките партии да се надминат себеси, да престанат со лов на вештерки и замајување на јавноста за политичко дефокусирање и заедно да го усвоиме законот за меѓународно мониториран ветинг за сите наводи од независноста до денес“, повикуваат од партијата.

Претходно денеска од владејачката ВМРО-ДПМНЕ соопштија дека го прочитале сценариото на ДУИ кои, според нив, со протести сакаат да ги бранат функционерите кои треба да одговараат за криминал.

„ДУИ знае дека треба да дадат одговори за сите матни тендери, за лотарија, за подизведувачите на патиштата, за ‘Соравија’, за отпишаниот долг на синот на Муса Џафери. ДУИ се свесни дека ќе има одговорност, а протестите и обидите за дестабилизација им се подлога да можат да вадат членови на улица кога нивните корумпирани функционери ќе треба да одговараат пред институциите“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Може да jа лаjкнете ФБ страницата на ТАТКОВИНА тука


Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO