После парламентарните избори на 08 мај годинава, големата победа на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, конституирањето на идната македонска влада, фактичката состојба на „теренот“, односно во македонското собрание е следнава:

-најголемата владејачка партија ВМРО-ДПМНЕ,која заедно со помалите сателит (просрпско-руски партии), освои 58 пратеници и е движечка сила во државата, контролирајќи ја речиси целата власт ( извршна, законодавна, локална/свој претседател на Републиката), номинално се заложува Македонија да стане член на ЕУ, реално е партиска подружница на СНС на А. Вучиќ и ФИДЕС на В.Орбан. Што значи, најзабрзано не турка во прегратките на српско-унгарскиот (читај: руски свет), на практика, и покрај тоа што ќе збори декларативно за полноправно зачленување на Македонија во ЕУ. За жал, долгорочно, ова може да предизвика етно-федеративна поделба на Македонија по примерот на БиХ на два дела: еден мнозинско албански ( во северозападниот дел) и еден мнозинско македонски ( под контрола на Белград, во преостанатиот дел од државата)!

– најголемата опозициска партија СДСМ, од до завчера главна владејачка партија, преку ноќ се претвори во АД ДООЕЛ на кланот Муртино Заеви со инсталација на една залутана карикатура во политиката, како нов „лидер“ на партијата, кукла на конци на најпознатото муртинско семејство во државата, стечаен управник на истата. Настрана неговите врвни квалитети како неврохирург. За жал, или за среќа, СДСМ ја чека судбината на Бугарската социјалистичка партија (БСП), пандан на СДСМ во Бугарија, која од некогаш најмоќна владејачка, стана само маргинализиран фолклор и икебана на бугарската политичка сцена. Од избори на избори, да постигнува се полош резултат , но никако да пропадне, туку само да учествува, колку „ да се учествува“. Нормално дека не очекувам СДСМ целосно да згасне , како ПДП или ДА кај нас, но тоа е, можеби подобро сценарио, за од трупот и духот на СДСМ, да се роди, чесна и искрена лево-либерална опција која ќе го освои центар-левиот простор на македонската политичка сцена. Вака е само чист заробеник и приватен субјект во рацете на едно од најбогатите бизнис семејства кај нас. Ни „п од партија“ во своето делување.

– Левица, во суштина карикатурална квази наци-десница, која отворено е проруска и прокинеска, и е против западните европски и евроатлански интеграции на Македонија!

-ЗНАМ, еден бизнис олигархиски проект на подземните партиско -структурни инсталации на еден поранешен претседател и премиер во оваа смешна дупка од држава, наркомански зависен од власт, кој во корелација и комбинација со „службите од двете страни на границата“ , направи се , на изборите на 24 април и 08 мај, на своето „партиско чедо, кое ја носи неговата ДНК“, да му изврши конечно чедоморство и да го испрати на политичкото буниште на историјата!

– партиите / коалииците на етничко- албанските партии ДУИ и ВЛЕН, не ги коментирам воопшто, од проста причина што тераат единствено и само етнотрибалистичка агенда, што се коси и исклучува од реалните и вистински европски вредности, и покрај тоа што номинално се прокламираат за „најголеми промотори и мотори на европската интеграција “ !

Што во превод значи: пред Македонија има два правци , во скорешна иднина да се формира политичко движење/платформа/партии/коалиција, која навистина ќе работи на европеизација и ќе ја бутка напред навистина европската агенда на Македонија, а со тоа и македонските граѓани ќе имаат свои европски репрезенти во Собранието и на политичката карта, или државата неповратно и неминовно ќе го фати патот на отелотворување на вториот дел од референдумското прашање „ за сојуз со останати републики од Југославија“. Тој сојуз (не)формално-правно, со северниот сосед, ќе ја исправи „историската грешка“ на другарот Тито од Јајце во 1943-та кога со одлуката од Вардарска Бановина да создаде државно-правна конституиента, една од шесте на СФР Југославија, де факто ги нарушил и поништил одредбите од Букурешкиот мировен договор во 1913-та година.

Се поставува прашањето: дали Македонците се толку државотворно несвесни дека одат во поништување на АСНОМ и преминување во претфазата на „Вардарска Бановина“ и центрифугата толку им ги има испрано мозоците со просечен IQ од 81, или пак свесно, волево и целенасочено си го бараат современиот и своевремениот Велимир Прелиќ назад. Претседателката пак, кутрата, целата е воодушевена од тоа што гледала „ Срби од двете страни на границата, всушност таму каде што и немало граница“. Живееме во еден паранормален делузирачки свет, за кој и Зигмунд Фројд да стане , да види што се случува ќе се самоубие. И еден А. Хичкок, не би можел да смисли побизнарно сценарио за екранизација, а славните вмровски јунаци како Тодор Александров и Александар Протоѓеров, на кои толку се повикуваат, нивните квазинаследници, да станат и да го видат ова со свои очи , ќе имаа полни раце работа, како никој пат досега во историјата. Македонија оди кон своето конечно, неповратно упропастување, од кое веројатно, како феникс ќе не може повторно од пепелта да се воздигне!

ФБ статус на Благојче Атанасовски
Може да jа лаjкнете ФБ страницата на ТАТКОВИНА тука

Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO