Обидот за атентат врз Трамп, неговите пораки потоа и рефлексијата на политиката на екстремно поларизирање врз сите нас

1. Осудата на обидот за атентат е широко споделена меѓу американските, воопшто западните, но и политичарите во Северна Македонија.

Додека ФБИ ги истражува мотивите и деталите на операцијата на атентаторот, а Тајната служба проверува дали има пропусти во своето работење – и нацијата на Америка и нејзиното политичко лидерство и претставништво започнаа со рефлексија на политичката реторика во изминатиот период, која доведе до нивната денешна општествена поларизација.

Во првото интервју по обидот за атентат врз него, поранешниот претседател Трамп за прв пат во овие 8 години експлицитно стави акцент на американското национално единство. Претседателот Бајден паралелно прв упати порака за обединување на нацијата во осудата на насилството.

2. Од обете страни на Атлантикот се гледа дека поларизацијата во САД – изродена изминатава деценија од наметнувањето на трампизмот над идејата на републиканската партија – се пресели и на европско тло, застапувана пред се од партиите подесно од демохристијаните и конзервативците.

Таа поларизација, како и во САД, најде погодно тло во средините каде социјалните разлики се изострени и создаваат простор за авторитаризам.

И, како и во САД, го изостри отпорот против авторитаризмот кај левиот и граѓанскиот центар против десницата која, ненавикната на тврд општествен отпор – се обидува да се „хуманизира“ претставувајќи се како жртва.

3. И во Северна Македонија е видлив обидот десницата да се претстави како жртва „бидејќи е чувар на народот и нацијата под опсада“ од „неправди од соседите“, „мигранти“, „заговори на глобалистите“ и слични јадици од источната, а пред се руската пропаганда.

Себевиктимизацијата стана забележлива и во реториката на ВМРО-ДПМНЕ, соочена со фактот дека големите ветувања нужно раѓаат недоволни резултати без оглед на Пи-аРот.

Имено Мицкоски во третиот месец по апсолутната победа на изборите се уште само ги промовира проектите од неговите претходници како свои.

А оние предизборните на ВМРО-ДПМНЕ се покажуваат како ќор-фишек:

– правосудната реформа се сведува на обид за ставање „свои“ луѓе во односните совети;

– коридорот 10Д си тера како што е потпишано, иако пред изборите за Мицкоски и Николоски тоа беше „корупција“;

– Северна Македонија останува Северна Македонија и дома и во странство;

– Ниту Бугарија ниту Грција не влетуваат во ставање вето на ЕУ-интеграциите на земјата и оставаат Скопје да ги исполни условите од преговарачката рамка утврдена од Брисел и да се придржува до обврските преземени согласно меѓународното право.

Отсуството на ентузијазам (штом се виде дека нема нова кадровска понуда) ја осуети ВМРО-ДПМНЕ во играта на мајоризација на југо-македонистите над Македонците паралелно со институционален шовинизам за мајоризација над Албанците.

И така одеднаш ВМРО-ДПМНЕ (сосе ВЛЕН) е „на чистина“ додека го нанесува најтешкиот удар над унитарноста на државата саботирајќи го духот на Рамковниот договор за да ја нудат Северна Македонија како колатерала во уредувањето на односите меѓу Косово и Србија.

Имено граѓанската рамноправност е неодвоива од реалната претставеност. И во неа дефинициите на моралноста на скопски Правен распореден од Вила Водно до Илинденска 2 се небитни, бидејќи правото не ги пропишува, туку произлегува од моралноста и легитимноста.

ФБ статус на Ивон Величковски

Може да jа лаjкнете ФБ страницата на ТАТКОВИНА тука


Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO