Претседателот на Белорусија, Александар Лукашенко, денеска во Минск го пофали лидерот на Република Српска, Милорад Додик за „заштита на интересите на православните луѓе“ на Западен Балкан, додека Додик му се заблагодари за неговата политичка поддршка.

Додик е во работна посета на Белорусија во време кога се соочува со се поостри критики од Западот за сецесионистичката политика и поткопување на стабилноста на Босна и Херцеговина. Поради ова, Додик е под санкции од САД и Велика Британија, додека Германија негираше финансиска поддршка на властите на Република Српска.

Додик наведе дека има добро разбирање со Лукашенко, авторитарниот белоруски претседател, бидејќи и двајцата се под западни санкции, па затоа е уште поважно да соработуваат.

„Тој е жива легенда“, изјави Додик за новинарите по средбата со белорускиот лидер, за кого рече дека му е како брат.

„Внимателно ја следиме ситуацијата на Балканот“, рече Лукашенко, објаснувајќи дека денес само силата значи нешто.

Додик за медиумите во РС навел дека не дошол во Минск да бара „оружје или нешто ирационално“, туку да добие политичка поддршка за своите постапки.

Тој најавил дека веднаш по посетата на Белорусија ќе отпатува за Русија.

Може да jа лаjкнете ФБ страницата на ТАТКОВИНА тука


Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO