
Среќна 2024, ГОДИНА ЗМАЈА
Како и секоја година така и оваа ви посакувам добро здравје, пред се во Новата 2024 година.
Како и секоја година овие 20 години, а пред Нова Година и празниците кои почнуваат со Новиот Календар , ви поклонувам една анализа за 2024 за Македонија и светот.
Се извинувам за граматички грешки и сленгови. Јас никогаш не сум бил новинар па си правам грешки.
Мојата вокација си беше и остана, само аналитичар во пензија кој има најмногу објавено аналитички текстови во странство од целиот наш регион.
Значи, другари и другарки, Македонија и што во 2024 година.
Онака приватно можеме сите да се запрашаме, дали со нoвиот закон за амнестија на државните службеници во институциите, поранешни и сегашни треба оваа земја да изготви Црни Листи на сомнителни можни лопови кои не би требало повеќе да се занимаваат со политика.
Црните Листи на САД се со една екзекјутивна работа – Не постои некој во оваа хемисфера со толку храброст да на избори се појави и устоличи таков лик ставен на Црна Листа при тоа да си раководи со земјата ма макар и од позиција на некакво министерско место.
Многу пати напишав во овие години дека Груевизмот и Заевизмот ќе ги плаќаме доволно години и декади исто како Вучиќевизмот во Србија.
Сето ова ќе се плаќа декади од народот додека спомнатите и нивната околина одлично живее.
Нема тука лутиш. Ние си гласавме, демократија.
Избори идат на кои е јасно дека сите политички чинители, топтан заедно, опозиција, позиција не можат да направат ниту една асолна влада.
По тоа се изместени критериумите и перцепциите.
Пост изборно СДСМ или Вмро-Дпмне се ГОТОВИ. Кои изгуби избори, едни или други, не се креваат години.
Ова и тоа како им е јасно и на едни и на други па очекуваните реформи во администрацијата, аграрот и државате е сосема глупаво да биде правено само од еден победник.
Ќе се спасуваат заедно да не би виселе, секој башка.
А, голем број кредити стасуваат во следниот мандат.Тоа ми зборува дека што ќе кажат, лажат.
Околу средина на фебруари ќе имаме нов примиер и некаква влада која треба да не однеси на Избори.
Како оди иако добив куп дисрезонантни информации, за бугарите во уставот, тешко сега.
Хомогенизираната од внатре десница, по терк на Трамп, ќе ја оправа оваа земја и ќе и се посвети одвнатре. Колку се посветува да ја оправи одвнатре толку ќе има имплозија према надвор.
Вкупно тешко на релацијата со албанските партии.
СДСМ пак со поставувањето на примиерско место на Талат Џафери, кој го ценам особено и го разбирам како едуцирана сериозна личност далеку од медот во ДУИ, ќе се обидат можеби да состават една изборна листа на некакви ПроЕвропски партии.
Овде ќе бидат во голема предност пред Вмро-Дпмне и во таква констелација е скоро невозможно Вмро-Дпмне да освои со сите коалиции 61 пратеник.
Проблемите почнуваат доколку до избори ги гледаме Славевски и Ковачки секој ден на тв со разно разни небулози.
Оваа влада стокмено ја гледаме но баш ме интересира како би изгледала влада на Вмро-Дпмне. Доколку ја видиме одма би изгубиле 5 пратеници од ифрити на народот од пресните времиња.
Но, ќе почекаме да го слушниме и кандидатот за преседник на Вмро-Дпмне.
Јас би се кладел дека ќе играат пак со жена но не Гордана. Вмро-Дпмне има сенс за овие работи. Не се толку глупави.
СДСМ како и обично пред избори ќе се подели на 3-4 крила.
Ќе биде тешко да се одржи таа партија до избори.
Крилата и заговорниците се веќе познати.
Може само една работа да изненади. Доколку Ковачевски даде оставка на место претседател на СДСМ, а изберат лидер кој е препознатлив но доволно далеку од Зоран Заев, Ковачевски, Црвенковски и слично.
Само тоа би го спасило СДСМ после ова неверојатно писмо на Зоран Заев до американската администрација.
До сега на такво писмо никој не добил и толку брз одговор, цели 34 минути требаше САД амбасадата да одговори на писмото на Зоран Заев.
Се кладам дека ова има силни репрекусии внатре во СДСМ.
Индиректно се разбира ставајнето на крупен тајкун на црна листа има последици по двете партии.
Посебно ако двете партии работеле со него со пари од буџет. Па станува дополнително комплицирано и шпекулативно.
Македонија нема ниту кадар за влада веќе па ниту кадар за здрава администрација.
Македонија нема кадар за основните потреби на една држава.
Корупцијата ја победи и ја превзеде државата. Во овој момент. Ова се случувало секогаш и во скоро секоја земја, да би на крајот институциите и администрацијата ја поразат мафијата.
Тежок процес со многу турболенции.
Инаку работата кадровски е тотално срозена.
Резерварот на луѓе не постои.Цели градови имаат нула невработеност. Во заводот за вработување има луѓе кои по нивна природа, ЦВ, се секаде во Европа.
Да се зголеми ГДП се потребни во следните 5 години 50.000 работници од странство.
Ова Меркел најдобро го знаеше. Нашиве партии се оптимисти, односно немаат појма по ова.
Да од чисти македончиња и албанчиња со шеснајс краци и орелчиња се дојде да во Албанија има веќе 12.000 работници од Азија, а посебно во Пустец.
Ќе мафтаме со знамињата и рачињата уште некоја година и толку. Еве за 3 децении резултатот.
Ќе нема ни улици кој да замети, автобуси да вози, во земјоделието трактор нема кој да вози. Градежништво, патишта, мермер, а дури очекувам како и Грција во јавниот сектор се повеќе да има од Азија. Ма државно запослени. А , што мислевте вие ? Ќе ги нема. Ма мора да ги има.
Ова е главното за Македонија.
Светот е во длабока криза. Русија проба во Африка , Хамас-Израел, Венецуела –В.Гвајана да развлечи фокусот.
Путин е незгоден играч.
Западот е лош играч благодарејќи на Меркел и попустливоста на Запад кон глупостите на Путин.
Не, не сакаат да го поразат да замини. Балансот ќе е да ја помагаат Украина но не да го поразат Путин. Едноставно Запад нема решение –Што после Путин. Може да е далеку поопасна ситуацијата од моменталната.
Војната ќе трае. Да, можно е Украина да изгуби дел од територијата.
Ваква брутална војна е можно да однеси на крај 1 милион животи па да седнат да потпишат некаков мировен договор.
Но, со ова однесување на Москва, за следните 100 години Украина нема да им биде пријател.
НАТО не само што нема да се распадни туку дополнително ќе зајакни.
ЕУ нема да се распадни, дополнително ќе зајакни и нивниот егоизам, профити ќе бидат во подем, а посебно десницата која ете емигранти обоени веќе не сака. Чист расизам, а и есктремната десница но и екстремната левица ќе е во подем.
Европа се враќа во седумдесеттите и осумдесеттите години, исто како Блискиот Исток.
Годината на Змејот ќе е таа.
Оваа држава од 1,5 милион резиденти или 1,8 милиони статистички само ќе се отселува но ќе почне и да се доселува.
Орлите и Шеснајсете краци ја уништија МАКЕДОНИЈА ДО КРАЈ.
Затоа ви посакувам многу здравје, без нервоза и да си терате работата.
СРЕЌНА НОВА 2024 ГОДИНА
Може да jа лаjкнете ФБ страницата на ТАТКОВИНА тука
