Србија не застана, но се движи во погрешен правец

Паролата беше: “Србија не смее да застане”.

И не застана.

Вчера го послуша својот цар и продолжи да се движи.

Некои велат се подалеку од себе и својата модерност, а други, обратно, кон себе, кон својата старозаветна соборност која го згуснува општеството, институционалниот ред и културата.

И ги голта.

Ќе биде тоа убав султанат или наследна република.

Дали е снс црната дупка во која пропадна Србија?

Јас не мислам дека дупката е црна.

Мене ми удира на розе.

Но дека дупката е дупка- тоа да!

Можеби на Србија и е добро без светлоста на разликите и богатството на животот, но не е препорачливо да и се доближувате и да проверувате дали и и колку и е добро.

Опозицијата пропадна затоа што сакаше да не го дава Косово повеќе од Вучиќ, да не и воведува санкции на Русија колку и Вучиќ, да го негира геноцидот во Сребреница повеќе од снс, односно понесена од расположението на народот кое го диктираа медиумите на Вучиќ, ја батали европската агенда и ги натера луѓето да си речат: а за кој курац би ја менувале власта ако опозицијата нуди исти работи.

Нека им е со среќа.

Кој ќе преживее до 2027 година, ќе раскажува.

ФБ статус на Бранко Тричковски

Може да jа лаjкнете ФБ страницата на ТАТКОВИНА тука


Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO