САД му забрануваат на поранешниот вицепремиер на Северна Македонија влез во САД, објави Стејт департментот.

Соединетите Држави го назначија поранешниот вицепремиер Кочо Анѓушев како неподобен за влез „поради неговата вмешаност во значителна корупција“, се вели во соопштението објавено на веб страницата на Стејт департментот.

„Соединетите Држави го означуваат Кочо Анѓушев, поранешен вицепремиер на Северна Македонија, како генерално неподобен за влез во Соединетите држави, поради неговата вмешаност во значителна корупција. Додека ја извршуваше функцијата вицепремиер, Анѓушев ја злоупотреби својата службена положба во корист на неговите приватни деловни интереси, поткопувајќи ја довербата на јавноста во Северна Македонија во нивните владини институции и јавни процеси“, се наведува во одлуката.

Денешната акција, нагласуваат од Стејт департментот, покажува дека „САД во Северна Македонија стојат со оние кои бараат одговорност од корумпирани јавни функционери“.

„Оваа ознака ја потврдува посветеноста на САД за борба против корупцијата, која му штети на јавниот интерес, го попречува економскиот просперитет на земјите и ја намалува способноста на владите ефективно да одговорат на потребите на својот народ“, се додава во одлуката.

Пред неполн месец, на американската „црна листа“ завршија и Сергеј Самсоненко и неговата сопруга Ирина, како и Ратка Куновска Камчева, мајката на Јордан Орце Камчев. Тие им се придружија на веќе споменатиот Јордан Орце Камчев, Рамиз Мерко, Никола Груевски и Сашо Мијалков.

Може да jа лаjкнете ФБ страницата на ТАТКОВИНА тука


Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO