Пет лица се осомничени за убиството на Вања Горчевска, а меѓу нив е и каратист од Велес. Велешкиот спортист Боре Видевски, кој е во притвор, е уапсен во неговата спортска школа за боречки вештини.
Видовски е еден од тројцата приведени осомничени, меѓу кои се Велибор Манев и Влатко Кешишев. Освен за киднапирање, сите тројца се осомничени за двојно убиство на Вања Горчевска (14) и 74-годишниот Панче Жежевски, фризер од Велес. Тие во понеделникот наутро добија притвор до 48 часа.
На распитот го откриле времето кога е убиена Вања и кога е убиен Панче.
„Го имаме признанието на осомничените кој за што е одговарен“, изјави вчера шефот на Скопското јавно обвинителство, Гаврил Бубевски.
Според првите информации, тие во своите изјави истакале дека Вања била убиена бидејќи работата излегла од контрола.
„Тоа е нивната верзија“, додаде Бубевски.
Видевски на својот Фејсбук профил објавувал фотографии со децата кои ги тренирал во боречки вештини. Коментарите под фотографиите сведочат дека осомничениот Боре бил мајстор во спортот, како и дека натпреварувачите и нивните родители го обожавале. Интересното е што на еден од своите постови повикува да се потпише „Декларација против промена на името на Македонската православна организација-Охридска архиепископија“ како дел од иницијативата на партијата ДЕСНА на Љупчо Палевски. Во позадината на постот оди „Вера вечна“ во исполнение на руски машки хор.
Засега не се знае каква била неговата улога во киднапирањето, а властите вчера на прес-конференција соопштија дека осомничените признале што направиле во случајот што го шокираше Балканот.
Видевски е тајно изведен пред судија. Тој бил спроведен во судницата преку гаражата на Кривичниот суд, а потоа во лифтот до третиот кат на зградата.
По главниот осомничен за двојното убиство Љупча Палевски-Палчо е распишана меѓународна потерница. По злосторството на 30 ноември избегал во Белград, а оттаму во Бугарија.
На Александар Ѓорчевски, таткото на убиеното 14-годишно девојче Вања, синоќа му е одреден притвор до 48 часа.
Тој ќе биде сместен во затворот „Шутка“ каде се и тројца други осомничени. Се сомничи дека им кажал на убијците кога и каде ќерка му ќе биде сама.
Може да jа лаjкнете ФБ страницата на ТАТКОВИНА тука