Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски пред почетокот на лидерската средба за датумот на изборите рече дека очекува уште една гимнастика од страна на премиерот Димитар Ковачевски и владините партнери.
-Побарав лидерска средба во формат кој што тие ќе го изберат, правеа обиди за политички гимнастики за на крај повторно да завршиме на една таква лидерска средба. Изгубеното време не може да го вратиме, за жал тоа изгубено време нѐ чини уште некое време на владеење на неспособната и криминална власт. Но за неколку месеци од денес ќе им дојде крајот и ќе има одговорност- вели Мицкоски.
За изјавата на американскиот помошник државен секретар О‘Брајан, Мицкоски рече дека секоја изјава која доаѓа од стратешки партнер треба да се анализира.
– Јас како машински инжинер на студиите сум ги положил предметите како што се моторни возила и возила со внатрешно согорување со оценка 10 и доколку на некој му е потребен мој совет какво патничко возило да купи му стојам на располагање, а јас сум универзитетски професор кој што доаѓа од часови во моментов и предава Механика 2, тоа е динамика- рече Мицкоски.
На прашањето дали денес на лидерската ќе побара укинување на техничката влада и дали би гласал за уставните измени ако власта ја укине техничката влада, Мицкоски рече дека тој не се шегува кога ја кажува позицијата на ВМРО-ДПМНЕ.
– Бидејќи вчера политичар на заминување (алудира на министерот за надворешни работи, Бујар Османи) имаше интервју на национален медиум и кажа дека е сигурен и дека тврди дека ќе има уставни измени дали сега или за 6 месеци, еве јас ќе ви кажам дека уставни измени нема да има додека немаме јасен европски пат, додека не видиме јасно поместување на хегемонистичките и асимилаторски политики на нашиот источен сосед кон македонската заедница во Бугарија-вели Мицкоски.
Според него, техничката влада не е предмет на оваа средба ниту пак уставните измени туку датум за парламентарните и претседателските избори.
Може да jа лаjкнете ФБ страницата на ТАТКОВИНА тука