Обилните снежни врнежи предизвикаа големи прекини во Баварија, на југот на Германија, особено во Минхен, каде поради снегот денеска беше во прекин воздушниот и железничкиот сообраќај.

Аеродромот во Минхен најави дека летовите ќе бидат прекинати најверојатно до 12.00 часот поради снегот кој непрекинато паѓа од вчера.

За денеска се откажани 320 летови, се вели во соопштението на управата на аеродромот.

Во прекин беше и железничкиот сообраќај.

Железничката компанија Дојче Бан (Дојче Бан) соопшти дека во моментов не работи централната железничка станица во Минхен.

Сообраќајот на главните линии е целосно во прекин во регионот на Минхен.

Откажување или доцнење на возовите се очекуваат и на други места на цел југ на Германија, соопшти Дојче Бан, оценувајќи дека прекините ќе траат цел ден.

Исто така, голем дел од јавниот превоз, автобусите, приградските возови и трамваите во главниот град на Баварија не работат, известија од минхенската јавна сообраќајна компанија MVG.

Компанијата додаде дека во текот на денот може да има откажувања и нарушувања на распоредот на метрото.

Откажан е и мечот од Бундес лигата меѓу Баерн Минхен и Унион Берлин, кој требаше да започне во 15 часот и 30 минути, објави МВГ.

Минхенската полиција го повика населението да избегнува излегување со автомобили кои не се неопходни додека службите не ги расчистат улиците.

Снежните врнежи и температурите под нулата веќе неколку дена зафаќаат голем дел од Германија.

Според германската метеоролошка служба, најголеми количества снег се очекуваат во Алгау на југот на Баварија со од 30 до 40 сантиметри.

Може да jа лаjкнете ФБ страницата на ТАТКОВИНА тука

 


Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO