„Она што сите во ВМРО-ДПМНЕ одамна го знаеја, а подопашните пропагандни слуги на Христијан Мицкоски вешто го затскриваа и не дозволуваа да допре до јавноста, го соопшти Помошник-државниот секретар на САД за Европа и Евроазија, Џејмс О’Брајан“, стои во соопштението на внатрепартиската фракција за демократизација и ревитализација на ВМРО-ДПМНЕ.
„Со директниот апел до граѓаните да не гласаат за ВМРО-ДПМНЕ, за првпат еден официјален претставник на американската администрација, јасно и без ракавици го таргетираше Христијан Мицкоски како човек кој ја доведува во прашање европската иднина на Македонија.
Има понуда на маса. И ако сакате да знаете за некого кој е и како ќе постапува кога ќе биде на власт, видете како ќе реагира на таа понуда. Ако тие велат, на многу јасен начин, еве ја алтернативата и верувам дека таа е прифатлива за другите, тогаш можете да процените дали се во право или не. Ако велат – имам подобра понуда, но нема сега да ви кажам што е – тоа е личност од која не би купиле автомобил. Па, мислам и дека не би требало да гласате за нив, исто така“, вели помошник-државниот секретар на САД за Европа и Евроазија, прашан за ставот на ВМРО-ДПМНЕ за уставните измени.
Фракцијата за ревитализација и демократизација во ВМРО -ДПМНЕ апелира до сите партиски членови освен клиентелистичката камарила на Мицкоски, во име на прокламираните начела на партијата како демокрарска и прозападна партија, да ја осудат погубната политика на Мицкоски и неговите послушници, која од нашата партија ВМРО – ДПМНЕ прават личен феуд, изолиран од нашите стратешки партнери САД и ЕУ.
Сметаме дека единствен излез од идентитетскиот ќорсокак во кој не вовлече најнеспособниот претседател на ВМРО – ДПМНЕ од основањето до денес е негова смена и формирање на привремено раководно тело во кое нема да бидат вклучени членови на неговата клиентелистичка камарила, кое тело ќе ја врати довербата на членството и граѓаните кон партијата, ќе ги нормализира односите со САД и ЕУ и ќе ја подготви партијата за претстојните претседателски и парламентарни избори.
Внатрепартиската фракција за демократизација и ревитализација на ВМРО-ДПМНЕ ги повикува сите членови на ВМРО-ДПМНЕ отворено и недвосмислено да застанат зад демократските цели на внатрепартиската фракција и со свој придонес влијаат врз демократизацијата и ревирализацијата на партијата, „веднаш и во овој час“.
Секој нов час со Мицкоски на чело на ВМРО – ДПМНЕ, ќе претставува катастрофа на партијата и тежок удар врз членството и политичкиот живот во Македонија воопшто !“, се додава во реакцијата.
Може да jа лаjкнете ФБ страницата на ТАТКОВИНА тука