Непосредно пред расправата за уставните измени и додека се прават напори да се увери јавноста дека Македонија оди кон европеизација а не бугаризација, лидерот на Беса, Билал Касами, ги разгоре страстите – изведувајќи сценарио на косовизација на земјата. Знамиња на „Голема Албанија“, песната „Добредојде во Албанија“, Тетово и Призрен ист град, тој Курти, Изет Меџити и Африм Гаши на чело на колоната – беа сцени на очаен национализам смислен само со намера да соберат некој поен кај гласачите во албанската заедница. Практично, откако партиите на две недели им се распаѓаат и прегрупираат и никој не може да сфати со кого се, за што се и до кога ќе застапуваат одредена политика.

Бидејќи е јасно дека косовскиот премиер Албин Курти е во изолација и му требаат вакви излети за да продава магла на гласачите во неговата држава, дилемата е – може ли ваквата дрска провокација на неколку политички губитници да се претвори во добитна комбинација? Уште подобро, може ли Албин Курти да му обезбеди на Билал Касами победа на изборите за кои се подготвува, откако во континуитет прави цик-цак политички потези и се покажа како велемајстор за погрешни одлуки во клучни времиња?

Касами во политиката влезе како кадар на ДУИ, но од 2008 година, кога се разиде со оваа партија, пробува да остави сам свој печат, но и ден денес не може да извојува каква било победа ако зад него не стојат политички сојузници. Најголемиот успех Беса го постигна на изборите во 2016 година освојувајќи пет пратеници и 57.800 гласови, но оттогаш поддршката на оваа партија оди надолу и, да не беше катастрофалното управување на Теута Арифи со Тетово, и да не застанаа зад него ВМРО-ДПМНЕ, Касами не ќе имаше каде да го организира националистичкиот собир минатиот петок.

Целиот текст на Слободанка Јовановска за „Независен Весник“ прочитајте го ТУКА

Може да jа лаjкнете ФБ страницата на ТАТКОВИНА тука


Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO