Во изминатите години, СДСМ со своите одговорни политики создаде резултати што прават разлика. 1.400 километри патишта изгради СДСМ за шест години, додека ВМРО-ДПМНЕ само 600 километри и тоа за период од 10 години, велат од партијата на власт преку соопштение.

Според СДСМ, со довршување на патиштата што сега се градат, но и со реализацијата на коридорите 8 и 10 Д бројот на километри изградени патишта ќе стане уште поголем, а разликата уште повеќе изразена.

-Резулати и исполнети ветувања што прават разлика во секој сегмент е најсвојствено за СДСМ. Како најгопема, најсилна и државотворна партија продолжуваме со реализација на мерките и политиките што носат резултати и го унапредуваат квалитетот на живот на сите граѓани, појаснуваат од „Бихаќка“.

Собранието на 26-ти мај во рамки на денешното продолжение на 115-тата седница ги донесе измените и дополнувањата на петте закони поврзани со реализација на Договорот со „Бехтел и Енка“ за изградба на четири автопатски делници на коридорите 8 и 10д.

Предвидено е автопатите да бидат изградени за 4 години и 7 месеци.

Бехтел е најголемиот американски контрактор по приходи, додека глобално се трети. Имаат 54.000 вработени во речиси 40 земји. Градат големи инфраструктурни проекти ширум светот, а во регионот градеа неколку автопати, а некои ги следеа контроверзии. Ги градеа автопатите во Косово, Албанија, потпишаа договор за „Моравскиот коридор“ во Србија.

Може да jа лаjкнете ФБ страницата на ТАТКОВИНА тука


Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO