Портпаролката на Советот за национална безбедност на САД, Адриен Вотсон, денес изјави дека САД го поздравуваат, како што наведе, „договорот за нормализација на односите“ меѓу Белград и Приштина.

Таа на Твитер напиша дека САД ги повикуваат двете страни што поскоро да почнат да ги спроведуваат своите обврски.

„Го поздравуваме договорот за нормализација на односите меѓу Косово и Србија со поддршка на ЕУ и САД и ги повикуваме двете страни што поскоро да почнат да ги спроведуваат своите обврски“, рече Вотсон.

Може да jа лаjкнете ФБ страницата на ТАТКОВИНА тука


Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO