Украина, денес е 24.02.2023

Спрема сите познати устави во светот, а и УН, воената агресија почнува со загуба на целовитост на територија признаена во УН.

Значи дека врз Украина, воената агресија е започната не пред 1 година, туку е започната во 2014 година.

Започната е од членка на УН која го има признаено суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина при нејзиното зачленување во УН.

Никаде до 2014 ,Украина не се мешала во внатрешните работи на Русија.

Но, има премногу докази дека Русија до тој датум се мешала и тоа како во внатрешните работи на Украина.

Втората фаза на конфликтот започна 24.02.2022 и трае цела година.

Меѓународно правно, а и по устав и законодавство изгласано во рускиот парламент, сукцесијата продолжува со анексија на територии признаени од УН и Русија како член на УН и СБ.

Уставот на Украина признат од Русија без никаква забелешка во приемот во УН, како независна држава предвидува можен сојуз, асоцијација со други земји по разни основи.

Русија тоа го признава како одлука на Украина да го стори тоа и тоа е внатрешна работа на Украина.

При денуклеаризацијата на бившите земји на СССР ,сите заинтересирани страни имаат издадено гаранции за унитарноста на земјите кои треба да го предадат/дислоцираат нуклеарното оружје од своја територија и го испратат во Русија.

Овие гаранции се од типот на највисока политика во тие процеси и збиднувања.

Доколку и една страна не го почитува тој договор, другите гаранти се должни да дадат помош на тие земји.

Коегзистентната политика на големите сили секогаш вака функционирала. И никако поинаку низ цела историја.

Единствено ова во изминатите 150 години не е применето само во еден случај-

Тоа е нападот и поделбата на Полска од страна на СССР и Германија, каде големите сили објавуваат војна на Германија но не и на СССР.

Овај ден се смета за почеток на Втората Светска Војна. Каде после објавата на војна, за 2 седмици и СССР влегува во Полска и со тоа се самоамнестира да другите земји и објават војна на СССР со оправдување дека ги штити своите Западни Граници и прави тампон зона.

Фактите од овие две работи, случувања од тоа време, а памтењето на крупните случувања од 1938-1941 година, ЕУ и САД ги придвижуваат да заедно со 50 земји се стават на страна на Украина, а само 7 земји се стават на страната на Русија.

Меморијата на лошото поведение од 1938-1941 година, Еу и САД ги раздвижија да не ги повторат истите грешки како тогаш, а веројатно Крим била црвената линија на попустливоста кон Москва.

Русија, не е познато зошто, игнорира такви факти, пред се можеби заради нивната големина и малку имагинарна позиција.

Само со 150.000 вооружена армија проба да завземе 44 милионска држава.

Украина е во популација случна на Ирак. Големите стратези никогаш не би се впуштиле во таква авантура без 1 милион војници, да би победиле.

Ситуацијата станува во овие денови на фебруари пред една година многу јасна-Украина се спремала од 2014 за војна и покрај сите нејзини слабости. Крим ги отрезнал како и провокациите на Москва.

Дури и самите не веруваат дека Москва ќе го направи тој чекор, пред се заради блискоста на народите.

Десетте дена пред оваа операција да отпочне на Москва ,следи рафал од изјави на Москва, а посебно на официјалните лица. Нешто што никогаш и никој нема да им заборави на тие во Москва кога ја изгубија цела сериозност во таквата критична ситуација. Од тој момент Москва ја губи цела сериозна перцепција.

Никои и не разбира зошто оделе со тој вокабулар и смислени изјави, не биле ли координирани или слично да ја отпочнат Киевската операција. Овде ќе има уште илијадници претпоставки и стории еден ден. Ниту Захарова ниту Лавров сигурно не биле задоволни од надредените, а ниту сами од себе, даваќи во рафал еден куп лаги и глупости. За оваа работа ќе се снимаат многу филмови.

Русија е земја со најголема територија во светот. Додека другите колониални сили, колонизирале по море, Русија колонизирала по копно. Така да тоа е најголемата колониална сила на сите времиња.

Територијата за која Русија се бори со Украина е само мал процент на територијата на Русија.

Историскиот антагонизам во тој регион,а посебно на Украина со Русија, Полска на Русија, Балтикот па до Финска е многу стар. Ниту е многу едноставен.

Многу често го критикуваме договорот Молотов-Рибентроп. И е за критика. Но, забораваме историските факти во тоа време и димензии.

Тој договор е направен од самиот Сталин заради многу јасни и прецизни работи.

Ситуацијата кога е потпишан во тоа време со длабоки анализи на Сталин и неговите, говори дека војна со Хитлер би создала сојузници на Хитлер во СССР.

Во целото владеење на СССР од 1918-1938 за цели 20 години во СССР се создале такви антагонизми од пред се идеолошки причини, да војна со Германија била нај лошата опција за СССР и државите кои живееле таму.

Укинувањето на Независна Украина, Гладоморот, освојување на Балтичките Држави од страна на Москва па се до војната во Финска. Сударот со Белоруските Националисти, големата национализација, а посебно на земјата, ги довеле Сталин и ЦК во ситуација да потпишат било каков мировен договор со Нацистичка Германија.

Москва овие работи ги знае и денес. Покрај нерационалната политика, рационалноста во Минск и Москва сеуште ја држи ситуацијата некако под контрола.

Белорусија премногу е вовлечена во овие работи, а и Полска од друга страна.

Светот ќе се прашува во 2023 година дали Русија ќе има капацитет и воено да ја вовлече Белорусија во војна.Такво вовлекување на Белорусија во војна може да ја вовлече и Полска во војна.

Денес после една година дури Москва отрезнува од сите грешни информации, потези и лоши одлуки, се бори околу некакви Бахмут и села околу него, Москва ќе ја одлучи иднината на тој регион, а за тоа треба да донесе одлука скоро.

Дали тие во Москва ќе одат против секоја рационална одлука за мир??!

Дали војната ќе се држи во регионите во кои се војува денес.

Русија нема многу ресурси, а пред се имале ресурси веројатно само на хартија дури корупцијата го правела своето.

Милитаризмот на Русија никогаш не бил запоставен од распадот на СССР се соочуваат со иста пропаганда и реторика. Од 1991 година на државен трошок се снимени преку 800 филмови за Втората Светска Војна, пропагандата совршено работи за достигнувањата на армијата, производството на оружје и спремноста на Русија да се одбрани од непријателите, а и во деновите кога и воопшто и ги немаше.

За Русија во војна, САД е историски нај важната земја. Ги принудија да на Украина исто и дадат Ленд Лис како што добијаја и тие во Втората Светска војна.

САД ги толерираја со Крим како и со Полска.

Но светската политика е крупна работа. Доколку се постави прашање за интегритетот на Русија тие секогаш на крајот ќе бараат помош од Запад.

Така да оние борби во Бахмут и околу ќе си останат веројатно локализирани дури се преговара или не отпочнале преговорите. Фронтот е направен и ќе се преговара.

Иди пролет каде пред да седнат страните ќе сакаат уште по некоја победа за подобри преговарачки позиции.

Украина и Русија не можат да ја изгубат или добијаат војната.

Она што Путин го изјави овие денови е пред се една голема глупост за да се држи оганот на пропагандната војна внатре во Русија.

Светот не може да е мултиполарен каде има 3 столба на економии за кои руската економија и сила е маргинална.

Светската економија пред се ја сочинуваат САД, Кина и ЕУ. Каде Русија во светски рамки учествува со 2,5%. Со ваква економска позиција не е можно да се иницира мултипорален свет, а посебно не со 139 милиони жители без разлика на енергенсите на Русија.

ЕУ, САД и Кина знаат дека Москва да ги држи тие енергенски со високи цени, многу често правела воени конфликти. Посебно на Блискиот Исток.

Но денес е 2023 година, енергијата добива друга димензија каде е тешка уцена за САД, Кина и ЕУ доколку ги притискаш со политиката на енергијата и храната.

Тоа можеби е можно краткорочно, но среднорочно и долгорочно Русија ќе изгуби СЕ, доколку ЕУ и САД најдат решение за енергетските поврзувања и производство. За храната не е проблем.

Русија има уште малку време. Доколку не го искористи ,а ЕУ и САД најдат компензација за доставката на енергијата од Русија, Русија ќе биде маргинализирана за декади.

Во овие моменти Русија ќе се позиционира. А, знаат дека треба да мислат брзо. Пред се ќе бараат некакови сериозни ликови да ја отпочнат работата. Тешко дека некој верува во Захарова, Лавров, Медведев или Путин. Работата е сериозна.

Само да смислат што ќе прават околу Бахмут и тие села во украинската недодија.

Се читаме за една година. Се надевам во мир и просперитет.

Може да jа лаjкнете ФБ страницата на ТАТКОВИНА тука


Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO