
Американскиот амбасадор во Белград, Кристофер Хил вели дека врската меѓу Србија и Русија од ден на ден слабее и дека истовремено се зголемува интересот за соработка со ЕУ и поголем интерес за соработка со САД.
Хил за телевизијата Н1 изјави дека ставот на САД е Србија да се приклучи на санкциите против Русија, наведувајќи дека не е точно оти Белград ништо не направил, бидејќи во Обединетите нации ја осудува руската агресија врз Украина. Запрашан дали позицијата на Белград во преговорите со Приштина е послаба бидејќи не воведе санкции кон Русија, Хил рече дека тоа се посебни прашања.
Според него „конструктивниот пристап“ на Белград кон европскиот план за нормализација на односите со Приштина на крајот ќе влијае на брзината со која Србија се приближува кон западот„посочи дека формирањето на Заедницата на општини со српско мнозинство е главното прашање за исполнување на бриселскиот договор.
Може да jа лаjкнете ФБ страницата на ТАТКОВИНА тука
