Меѓу Бугарија и Северна Македонија има механизам за намалување на тензиите и за идентификување на пројавите на омраза. Овој механизам е јасно наведен во протоколот меѓу двете министерства за надворешни работи од минатата година, но не се спроведува.

Ваква позиција во интервју за БНР изрази Весела Чернева од Европскиот совет за надворешна политика, советничка на поранешниот премиер Кирил Петков за надворешна политика.

„Не можеме да кажеме дека нема доволно инструменти.“

„Во последните месеци гледаме дека навистина има зголемување на тензијата“, оценува Чернева. Таа додаде дека кога ќе се стигне до таков пораст на тензијата, тоа дополнително им го отежнува животот на Бугарите во РСМ.

„Видовме како бугарски европратеник му се заканува на македонскиот премиер со обид за атентат. Таков вид на закани исто така не би требало да се дел од билатералните односи. Одржувањето на добриот тон и пристојност, многу повеќе би им помогнало на Бугарите кои живеат во Северна Македонија, отколку овој прилично бездговорен пристап.

Повикувањето на бугарскиот амбасадор од Скопје Чернева го оцени како „неумерен гест“ бидејќи, според нејзините зборови, „вакви гестови се прават во исклучителни ситуации“.

„Оваа ситуација започнува да ми изгледа како намерна. Траекторијата на билатералните односи, која оди спирално надолу, е многу лесно. Тешката работа е спротивната – да се создаде средина во која такви работи нема да се случуваат“, коментира Весела Чернева во програмата „Пред сите“.

По толку години непријателство, работите не можат да бидат оставени да се случуваат сами од себе, изјави таа и уточни дека во овој момент нема претставки од Бугари од Северна Македонија до Европскиот суд за човекови права.

Ваков тип на ескалација секогаш се појавува кога ќе замириса на избори“, нагласи Чернева. Според неа, од двете страни на границата има партии кои ја користат тензијата за да го подигнат својот рејтинг.

„И се надеваат да се потхрануваат изборно. Нормалните луѓе се наоѓаат во средината, притиснати од крајностите на двете страни и жртва на тој притисок.

Весела Чернева акцентираше и на процеси „кои нè оддалечуваат од срцето на евроинтеграциите и нè поставуваат во многу маргинална позиција, која може да се измете, кога се занимаваме со билатерални кавги“.

Квалитетот на нашето европско членство се повеќе ослабува.“

Целото интервју слушнете го во аудио фајлот ТУКА

Може да jа лаjкнете ФБ страницата на ТАТКОВИНА тука


Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO