Ветото наметнато од Бугарија кон Македонија за присоединување на земјата кон Европската Унија е причината за нарушениот дијалог меѓу двете земји. Ова го изјави Денко Малески за Euronews Bulgaria, првиот министер за надворешни работи на Република Северна Македонија. Малески коментира и дека другиот фактор се провокациите од бугарските националисти кои ја негираат македонската држава и јазик.
Провокациите на националистичките групи кои доаѓаат во Македонија и наместо да оддадат почит на минатото, ја одрекуваат сегашноста на Македонија, сегашноста на македонската нација и на македонската држава со изјави од типот „Македонија е Бугарија“, „Македонците се Бугари“, не се во корист на добрата атмосфера меѓу двете земји.
Клучно е во меѓусебното почитување, смета Малески.
Целото интервју погледнете го во видеото.
Може да jа лаjкнете ФБ страницата на ТАТКОВИНА тука