Три екипи од Бугарија го прекршуваат „фудбалското ембарго“ што европскиот фудбал им го воведе на руските клубови и ќе одржат пријателски натпревари со екипи од Русија, станува јасно од рускиот фудбалски календар.

Покрај домашните Левски, Ботев Пловдив и Арда Крџали, со Русите ќе играат и екипи од Северна Македонија и Босна и Херцеговина.

Рекордер во овој поглед е Левски од Софиjа, кој за време на кампот во Дубаи има закажано дури три контролни натпревари со руски тимови – тоа се екипите на Краснодар, Спартак Москва и Урал Екатеринбург. „Срам!“ напиша полскиот „Спорт“ по повод договорените контролни натпревари. Незадоволство од овие натпревари со Русите веќе изразија дел од симпатизерите на Левски, а скандалот веќе станува и меѓународен.

Рускиот фудбал е санкциониран на клупски и на репрезентативен план поради воената агресија на Руската Федерација врз соседна Украина, која трае речиси една година.

Во текот на летната подготвителна сезона, руските екипи останаа во земјата и одржуваа само домашни спаринг сесии. Зимата решија да излезат надвор, не можат да слетаат во Европа, но Турција и Обединетите Арапски Емирати им се отворени. Во овие земји, покрај егзотични тимови од третиот фудбалски свет – Киргистан, Таџикистан и Узбекистан, Русите договориле и спаринг партнери од Европа.

„Спартак Москва“ договорила противници од Европската унија, во лицето на „Ботев“ – Пловдив и „Левски“. Со европејци од Крџали ќе игра и „Динамо Москва“ . Московскиот клуб ќе се сретне со „Арда“ – Крџали. Странските медиуми одбележуваат дека претстојната средба не предизвикува емоции во спортскиот печат во Бугарија, каде се радуваат што тимот од Крџали ќе игра со „руски гигант“. По Бугарите, Динамо ќе има меч и со „Борац“ – Бања Лука, Босна и Херцеговина.

Руската ЦСКА, од своја страна, на својата веб-страница информираше дека ќе оствари средби со ФК Шкупи од Северна Македонија. Во Скопје засега е молк за овој спаринг, иако ставот на Северна Македонија во однос на војната во Украина е недвосмислен. ЦСКА ќе игра и со српскиот „Партизан“, но за разлика од мечевите со бугарските клубови, ова не е толку шокантно со оглед на блиските пријателски односи меѓу Белград и Москва.

Може да jа лаjкнете ФБ страницата на ТАТКОВИНА тука


Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO